Кантарионовото масло: одличен народен лек
Кантарионот потекнува од семејството на горчливките, а има широка лековита примена, меѓу кои и како антидепресив, седатив и антибиотик. Тој е повеќегодишно растение кое има разгранет корен. Стебленцето му е голо и исправено. Постигнува и до еден метар во висина. Цветовите му се жолти и цветаат цело лето, од јуни до септември. Кантарионовото масло се изработува токму од неговите цветови.
Кантарионовото масло како лек за секаква тегоба
Кантарионовото масло може да се употребува надворешно и внатрешно, а посебно е погодно за жените и здравјето на женските органи. Во себе содржи антибактериски, ревитализирачки и антигабични својства. Составот му вклучува флавоноиди, хиперицин и танини, кои се одлични за кожата, а кои воедно делуваат противоспалително. Често се користи против изгореници, но може да се користи дури и како зачин за медитеранските јадења со риба. Со оглед на тоа што мацератот се произведува од кантарионот, тоа може и дома да се направи.
Маслото од кантарион помага кај: изгореници од прв степен, женски проблеми – воспаление на јајчниците, вагинални инфекции, габични и вирусни инфекции, остранување хемороиди, намалување на проширени вени, чиреви, рани, лузни и стрии (посебно е добар за лекување рани настани кај пациенти кои долго време лежат, како и кај лузни и рани кои се долготрајни) отстранување акни и мозолки, болки предизвикани од реума и гихт и за смирување на воспалени нерви и мускули.
Се смета дека кантарионовото масло е и природен антидепресив, па е одлично за користење кај оние кои се борат со депресија и анкциозност. Може да помогне и кај проблеми со спиењето или несоницата, бидејќи ги смирува телото и умот. Ефикасноста кај овие проблеми почнува да се забележува по две недели по користењето, бидејќи самото делување е постапно. Ќе го подобри целокупното расположение и ќе ги намали заморот и исцрпеноста. Воедно може да помогне и за постигнување подобра концентрација.
Кантарионовото масло е вистински спас за подобра циркуација. Освен што ќе ја подобри циркулацијата на кожата, ќе помогне и во зарастувањето на раните и епитализацијата на кожата и губењето на лузните. Поради своите антивирусни својства, ова масло може да се користи и против херпеси. За нега на кожата, пак, може да се користи секој ден, а одлично е во борбата со акните, мозолките и митисерите и и го враќа на кожата младешкиот изглед. Освен на кожата, може да се користи и на скалпот од косата, и тоа и кај чувствителна кожа.
Сигурно веќе сте слушнале дека ова масло е одлично за сончање или за побрзо потемнување. Но, не се препорачува да се користи пред самото изложување на сонцето. Неговите својства само ќе го привлекуваат сонцето и со тоа може само да се предизвикаат изгореници наместо да се заштити кожата.
Изработка на кантарионово масло во домашни услови
Потребни се околу 100 грама цветови од кантарион и еден литар ладно цедено маслиново масло. По берењето на цветовите, тие се остават да се исушат еден ден. Потоа се ставаат во стаклен сад и се прелеваат со маслиновото масло. Садот добро се затвора и се остава да отстои на сонце 40 дена. По 40 дена, маслото се процедува во потемен стаклен сад. Се чува на темно место, но никако во ладилник. При крај од изработката маслото треба да биде со темноцрвена до виолетова боја.