Појадок – “Лесно утро”

Јогурт со малку овошје и семенки е идеален појадок за сите, но само треба да се навикнете на   него.

Со оваа лесна, освежувачка комбинација нема да имате чувство дека јадете многу, а истовремено  уште  рано наутро ќе се вооружате со разни хранливи материи кои доволно ќе ве заситат додека сте на вашето работно место или дома, па нема да имате силна желба да грицкате се што ќе ви дојде при рака.

Нема овошје кои не се вклопува во оваа комбинација, но зошто да не искористите овошје кое е одличен извор на витамин директно Ц од природата, тогаш најмногу ни е потребно – како на пример киви? Ова овошје е идеално за овие есенски денови и убаво се сложува со другите вкусови, така што овој рецепт дефинитивно мора да го испробате.

 

recept_1

 

Потребни состојки:

-2 дл јогурт

-1 лажичка екстракт од ванила

-2 мали киви

-лажица ленено семе

Начин на подготовка:

Во јогуртот измешајте една лажичка екстракт од ванила, додадете го исецканото овошје и посипете со лажичка ленено семе. Добар апетит!

 

Здрав намаз од јагода и свежо сирење

recept_2

Доколку обожувате џем од јагоди, веруваме дека ќе ви се допадне идејата да се обидете да го имитирате на овој начин и така, освен одличниот вкус да си обезбедите и потребна доза на протеини. Како подлога за намазот може да искористите навистина било што- од леб, тост, палачинки до мафини … а доколку ви остане малку намаз можете едноставно да го изедете како десерт  🙂

Потребни состојки:

-100 гр свежо сирење

-50 гр јагоди

-стевиа

-‘ржан леб

Начин на подготовка:

Свежи или одмрзнати јагоди помешајте заедно со свежото сирење. Додадете стевиа по желба и намачкајте го намазот на лебот или друга подлога.

 

Овошно- млечна кашичка

recept_3

Имате блендер но не сте баш љубител на течни оброци, па ретко го користите? Тогаш ова е совршениот рецепт за вас.

Доколку кашичката ја сакате погуста, тогаш ставете помалку течност и оставете ја малку да отстои, да се зацврсти и да се соединат состојките подобро. Варијантите на подготовка се како и секогаш – бесконечни.

Потребни состојки:

-150 гр свежо сирење

-50 гр замрзнати малини

-половина банана

-50 гр овесни снегулки

-лажица ленено семе

-лажичка цимет

-1-2 дл вода

Начин на подготовка:

Сите горенаведени состојки ставете ги во блендер, добиената смеса ставете ја во соодветен сад, оставете ја малку да отстои и уживајте во здравиот и убав почеток на денот.

 

Гриз за добро утро

recept_4

Овој појадок е совршен избор за студените зимски денови кои следат. Најверојатно постојат малкумина кои не сакаат гриз, но многу од неговите обожаватели не го сврстуваат во своето мени, бидејќи не го бие баш најдобар глас. Но, зошто да не изберете варијанта од цели житарки за појадок, богата со растителни влакна и да ви се пружа целосно задоволство?

Потребни состојки:

-60 гр интегриран гриз

-2.5 дл соино млеко

-10 бадеми

-еден грст замрзнати малини

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото, истурете го гризот и мешајте 2-3 минути, се додека смесата не се згусне. Додади бадемите и малини и уживајте во совршениот оброк.

Совет:

Овој рецепт можете да го подготвите и во уште една верзија – во веќе направениот гриз додадете лажичка на whey протеини од чоколадо и лажичка од путер од бадеми наместо бадеми. Вкусот е повторно неверојатен!

 

Фини мафини

recept_5

Овој појадок е одличен доколку го направите ден однапред и само го зграпчите наутро. Мафини може да се направат на многу начини, а ова е само еден од многуте. Можете да ги јадете сами или да ги дополните со чаша млеко или јогурт, како и протеински шејк. Изборот е ваш, бидете креативни!

Потребни состојки (за 6-8 мафини):

-150 гр интегрално брашно

-половина лажичка прашок за пециво

-лажичка сода бикарбона

-1 јајце

-2 дл јогурт

-1 дл млеко

-2 лажички мелени бадеми (или бадемов путер)

-1 мало рендано јаболко

-цимет

-2 лажички екстракт од ванила

-стевиа

-2 реда темно чоколадо за преливот

Начин на подготовка:

Одвоено измешајте ги сите суви и влажни состојки и потоа спојте ги во една смеса. Додадете рендано јаболко. Така добиената смеса ставете ја во претходно подмачкани калапи и печете на температура од околу 180 степени за време од 25 минути. Оставете ги мафините малку да се изладат и потоа прелијте ги со стопено темно чоколадо.