5 природни лекови против високо ниво на триглицериди
Високото ниво на триглицериди во крвта може да предизвика сериозни здравствени проблеми, а ова се природни начини на кои може да се подобри крвната слика… Оптималното ниво на триглицериди е неопходно за нормално функционирање на организмот, а доколку е нивото зголемено, поголем е ризикот од многу здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларните заболувања или мозочен удар. Ова се најдобрите природни лекови за регулирање на нивото на триглицериди.
Лук
Ова е еден од најефикасните лекови за намалување на нивото на триглицериди. Најдобро е да го јадете во свежа состојба, 2-3 чешниња на празен стомак.
Јаболков оцет
За регулирање на нивото на триглицериди и холестерол исто така е ефикасен и јаболковиот оцет. Се препорачува два пати на ден да се пие по една чаша вода во која има ставено едно лажичка јаболков оцет, а по желба може да се додаде и малку мед.
Семе од коријандер
Ова е еден од традиционалните лекови против зголемени триглицериди. Во шолја со вода ставете 1-2 лажички коријандер, нека проврие, процедете го и оставете го да се олади. Пијте го овој напиток еднаш или два пати на ден.
Кајенски пипер
Покрај тоа што на јадењата им дава пикантна нота, кајенскиот пипер е природен лек за намалување на триглицеридите и холестеролот. Додадете 1/2 една лажичка црн пипер во шолја во која има врела вода и пијте два пати дневно.
Цимет
Овој популарен зачин е вистинска ризница на лековити својства. Затоа збогатете го својот оброк со цимет и искористете ја неговата моќ во регулирањето на триглицеридите. При примена на природни лекови задолжително консултирајте се со својот доктор.


