Мајоран против стрес и несоница
Мајоранот е импресивно лековито растение. Со оглед на составот на етеричните масла, тој многу често се користи за ублажување на симптомите кај астма, бронхитис, воспаление на синуси, главоболка или проблеми со варењето како што е надуеност, мачнина или киселини. Освен тоа се додава и во маслата за масажа, каде придонесува за ослободување на болките во мускулите.
Мајоранот се користи како тоник за ублажување на стресот. Од мајоранот може да се подготви ефикасен чај кој го поттикнува апетитот и кој ги ублажува грчевите во желудникот. Флавоноидите од мајоранот поседуваат седативни својства, што помага при несоница, главоболки или мигрена. Намалува главоболки, боли при артритис, истегнувања и здрвени зглобови. Посилни дози мајоран имаат смирувачки и антидепресивен ефект, давајќи лесно еуфорично расположение.
Флавоноидите исто така делуваат и антиоксидативно, така што се смета дека со консумирање на напитоци од мајоран може многу да се помогне кон намалување на насобирање на холестерол на ѕидовите од крвните садови и на подобрување на циркулацијата на крвта. Мајоранот може да делува на намалувањето на крвниот притисок, го спречува ризикот од срцев удар и излевање на крвта во мозокот. Чајот од мајоран го зголемува потењето и ослободувањето на токсините преку кожата, што е важно и кај треска која се појавува како симптом од настинка и грип. Овој чај може да послужи како освежување во текот на летото, помага за ревитализација на косата, па се прпеорачува миење на косата со раствор од мајоран.
Мајоранот поседува антисептични својства, се коисти како состојка за лосиони и креми, со што се штитат раните од воспаленија и тетанус. Ефикасно се бори против вируси и болки кои се поврзуваат со настнинки, заушки, осипи или сипаници. Има антибактериски својства кои можат да заштитат од труење со храна, тифус, маларија, бактериско воспаление на дебелото црево, системот за варење, уринарниот тракт. Маслото од мајоран помага и кај нередовни и болни менструации и симптоми поврзани со проблемите со болни менструации.