Состојки:
  • масло
  • 200 гр. младо сирење, исецкано на коцкички
  • 5 зрели домати, излупени и исечкани на коцкички (или пелати)
  • 1 кг. компир исецкан на коцкички
  • 300 гр. моркови исецкани на коцкички
  • 150 гр. чадени тофу колбаси, исецкани на кругови
  • 2 лажици црвен пипер
  • 1 лажичка мешавина од сув лук, кромид и чили
  • 3 лажички сол
  • 1 литар топла вода
Подготовка:

Во поголем сад загрејте 2 лажици масло на тивок оган, додадете ја мешавината од зачини и додадете ги доматите, компирите, морковите и солта. Додадете ја топлата вода и почекајте да зоврие на најголема температура. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете околу 30 минути. Испржете ги коцкичките сирење додека не поруменат. Исцедете го вишокот масло и додадете ги во гулашот. На крај додадете ги чадените колбаси. Сервирајте топло.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина