Нема ништо подобро од шолја врело какао во текот на студените и дождливи есенски денови. Овој напиток не само што ќе ги задоволи вашите сетила за вкус, туку исто така ќе придонесе многу за вашето тело.

 

Како какаото помага кај расположението

 

Какаото и чоколадата се многу корисни за активната ментална или физичка работа и многумина ги нарекуваат одлични антидепресиви. Ако наутро се напиете шолја какао, тоа ќе ви даде енергија и ќе ве зајакне. Во вечерните часови какаото може да послужи како напиток за ублажување на стресот и заморот.

Какаото ја подобрува меморијата

 

Флавоноидите кои ги содржи какаото можат да го намалат ризикот од деменција и да влијаат директно на структурата и функцијата на мозокот. Овие соединенија ги штитат мозочните неврони од оштетувања и ги подобруваат метаболизмот и помнењето.

Какаото ги јакне крвните садови

 

Какаото помага да се стабилизира или намали крвниот притисок, ги јакне крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Докторите советуваат да не пиете повеќе од две шолји какао дневно, бидејќи овој вкусен напиток содржи шеќер и заситени масти.

Какаото помага за заздравување на мускулите

 

Научниците докажале дека по употреба на какаото, мускулите на спортистите закрепнуваат побрзо. Напитокот содржи протеини, кои се потребни за регенерација на мускулите, и јагленохидрати, и ги заменуваат резервите енергија во мускулното ткиво.

Какаото помага во борбата против дебелината

 

Американските истражувачи откриле интересен податок: и покрај фактот дека какаото има повеќе калории од чајот и кафето, тоа не доведува до дебелеење. Факт е дека дури и најмала количина какао дава чувство на ситост, така што по шолја топло какао ќе изедете помал оброк. Какаото спречува прејадување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина