Квалитетната хидратација пред тренинг им помага на мускулите да функционираат подобро. При дехидратација на организмот, доаѓа до намалување на мускулната сила, издржливоста и балансот, а сето тоа е неопходно за добар тренинг. Она што внесуваме во себе е од голема важност за тоа каков ќе ни биде тренингот.

Според резултатите од студијата на Универзитетот Колумбија, САД, треба да се внсат околу 600 милилитри вода два часа пред физичка активност, 250 милилитри за време на загревање и 235 милилитри вода на секои 10 до 20 минути во зависност од тежината на тренингот и од тоа колку се потите.

Ова се најлошите напитоци кои можете да ги испиете пред тренинг:

НАПИТОЦИ НА БАЗА НА МЛЕКО

Сите пијалоци на база на млечни производи или whey протеин со млеко консумирајте ги по тренинг. Со оглед на тоа што млекото содржи протини, јагленохидрати и масти, потребно е многу време за да се свари, што ќе влијае на организмот како дополнителе напор. Наместо тоа, измешајте го whey протеинот со вода, па така ќе добиете корисни протеини и ќе ги одбегнете тешко сварливите млечни масти.

 

ЗАСЛАДЕНИ ОВОШНИ СОКОВИ

Тешко е да им се одолее на овошните сокови, но обидете се да ги одбегнувате пред вежбање. Повеќето сокови во себе имаат големи количини висок фруктозен пченкарен сируп, кој е вештачки засладувач и кој влијае лошо на работењето на црниот дроб, метаболизмот и ги зголемува шансите за дебелеење.

Подобро е во чаша вода да додадете свежо овошје, како што се разни цитруси, бобинки или ментол, и така ќе добиете здрав и освежителен напиток. Треба да се спомене и кокосовата вода, која е исклучително богата со електролити.

АЛКОХОЛ

Ова можеби ќе ви звучи како претерување, но само едно пиво неколку часа пред тренинг може само да му наштети на организмот наместо да има полза од него.

Алкохолот го дехидрира телото и влијае на целокупниот баланс на телото, но и на послаба концентрација. Ако ви треба нешто што ќе ве подигне, обидете се со кафе, кое ќе ви ја зголеми будноста и ќе ви ги поправи перформансите во тренингот.

ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Газираните пијаоци се богати со јаглерод двооксид, кој предизвукува надуеност и непријатност во пределот на стомакот. Исто така, газираните пијалоци содржат големи колични натриум, кој влијае на дехидратација на клетките во организмот. Покрај тоа, во нив можат да се најде вештачки засладувач аспартам, кој се поврзува со бројни здравствени проблеми, како што се мигрени, вртоглавици, губење на помнењето и чести промени на расположението.

СПОРТСКИ ПИЈАЛОЦИ

Спортските напитоци се преполни со шеќери и содржат малку здрави нутритиенти. Со нивно консумирање се обезбедува брз наплив на енергија, кој меѓутоа многу брзо потоа се претвора во драстичен пад на енергијата. Лошо влијае и на хормоналниот систем, спречувајќи го брзото закрепнување на телото по тренинг. Доколку сакате вистински извор на енергија, пробајте го сокот од домати, кој е богат извор на калиум и природни шеќери, кои ефикасно делуваат на крвниот притисок.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина