Погледнете неколку идеи за подготвување на природни шејкови кои ќе ве освежат, а истовремено ќе ви ги обезбедат некои од основните хранливи материи кои што ви се потребни:

Шејк пред вежбање

Потребни состојки:

1/2 чаша овесна каша
1 банана
1 мал јогурт
3 лажички млеко во прав
400 ml вода

Зошто е добар?

Најдобрата стратегија пред вежбање е состојките да бидат поедноставни колку што е тоа возможно. Состојките треба да бидат минимални и не треба да јадете ништо кисело затоа што тогаш би имале проблеми со желудникот за време на вежбањето. Овој шејк има совршена рамнотежа на јаглени хидрати, и тоа, оние кои брзо се варат и оние кои бавно се варат, како и протеини кои ќе ви дадат сила за сите оние дополнителни серии.

Кога да се пие: 45-60 минути пред вежбање.

Шејк после вежбање

Потребни состојки:

2-3 тенко исечени прстени од ананас
1 сецкано јаболко
1 излупен портокал
малку ѓумбир (за вкус)
3-4 лажички полни до врв со мелени бадеми
1/4 чаша гриз
450 ml вода

Зошто е добар?

Ананасот е богат со бромелаин кој го намалува воспалението, како и ѓумбирот. Овошјето содржи многу витамин Ц, што ќе би овозможи полесено опоравување после вежбањето, додека гризот ги заменува јаглено хидратите, кои сте ги изгубиле за време на вежбањето и помага во тоа протеинот од бадемите да се апсорбира во мускулите.

Кога да се пие: веднаш после вежбање.

Шејк за добивање на тежина

Потребни состојки:

1/2 чаша гриз
1/2 чаша суров овес
1 банана
1 јајце
3-4 големи лажици млеко во прав
6 капки екстракт од ванила
1/2 чаша млеко
1/2 чаша вода

Зошто е добар?

Оваа комбинација на гриз, кој е богат со јаглени хидрати, и протеините од јајцето, млекото во прав и мастите, е совршен сооднос на калории кои ќе ве изградат.

Кога да се пие: 2-3 пати на ден, пред вежбање, после вежбање и пред спиење.

Шејк за дефиниција (губење на тежината)

Потребни состојки:

2 лажички мелено ленено семе
2-3 лажички кафе
4 лажички млеко во прав
1 мал јогурт
400 ml ладна вода

Зошто е добар?

Лен, кофеин, протеините од млекото и јогуртот, сите се тука за да го помогнат губењето на тежината, додека пиењето ладна вода, помага во забрзувањето на метаболизмот и до 30%.

Кога да се пие: 2-3 пати на ден.

Шејк за појадок

Потребни состојки:

1/3 чаша суров овес
1 банана
1 чаша замрзнати бобинки
1 лажичка Омега 3 масло (или маслиново масло)
1 јајце
2 лажички млеко во прав
1 мал обичен јогурт
350 ml вода

Зошто е добар?

Овесот и маслото ќе ве заситат на неколку часа, бананата ќе ви даде инстант енергија за да го започнете вашиот ден. Јајцата, јогуртот и млекото во прав, додаваат во шејкот протеини, кои брзо се варат, и кои ќе бидат и тоа како добредојдени за вашите мускули, бидејќи ќе бидете без храна неколку часа.

Кога да се пие: штом ќе се разбудите.