5 најлоши фитнес совети
На многумина од вас ова им е веќе познато сценарио: во теретана сте и сосема случајно до вас допира разговор на две симпатични госпоѓи, кои вежбаат на ленти до вас. Тие дискутираат за нивните вежбачки рутини и една на друга си делат совети со цел меѓусебно да се докажат како големи фитнес стручњаци. И, додека тие се докажуваат така и си делат совети, вие неизбежно се прашувате дали е тоа точно. И покрај тоа што сте сигурни дека не се во право, сепак се сомневате во своите сознанија. По теретаните, па и на медиумите, кружат многу лоши фитнес совети. Погледнете во продолжение кои се најлошите од нив.
Жените не треба да креваат тегови, бидејќи тоа претерано ќе им ги набилда мускулите
За жал, овој совет често кружи меѓу дамите кои се плашат да креваат тегови поради тоа што не сакаат да завршат со набилдани бицепси како Шварценегер. Сепак, фитнес тренерите ќе ве смират и ќе ви објаснат дека жените се градени поинаку и дека немаат толку тестостерон како мажите. Ако не користите суплементи и не внесувате значително голем број калории, кревањето тегови нема толку да ве набилда. Всушност, жените треба да се позанимаваат со кревање товар не само поради добивање сила, туку затоа што со тоа ја зголемуваат и густината на коските.
Ако сакате да ослабнете, правете кардио вежби
Фитнес тренерите потврдуваат дека кардио вежбите се битен фактор во губењето на килограмите, но и дека кревањето тегови прави телото во одмор да загуби повеќе килограми и да има подолг ефект. Ефикасниот план на слабеење вклучува и кардио вежби и тренинг со отпор, со кој ќе ја зголемите мускулната маса. Имајте во вид дека тоа ќе ги зголеми и вашите напори, бидејќи мускулите се метаболичко активно ткиво кое, за да се одржи, бара енергија (односно калории) од вашето тело подолг временски период.
Без мака нема наука
Во вежбачката култура оваа поговорка добива вистинска мотивациска смисла. Но, воедно таа е и лош совет. По вежбањето може да се чувствувате по малку непријатно, но никако не смее да ве боли нешто. Болката е знак за предупредување дека нешто во вашето тело не работи како што треба.
“Збунете” ги мускулите, така што постојано ќе ја менувате рутината
Ако пречесто ги менувате вежбите, тешко ќе станете подобар вежбач и уште потешко ќе се привикнете на нив. Ако сакате да бидете посилни, да имате помускулести нозе, обработката на стотина вежби за нозете нема да ви помогне толку колку што ќе ви биде од значење една добро осмислена и увежбана рутина. Откажете се од рутината дури кога резултатите ќе бидат видливи.
Не пијте вода додека вежбате
Некои вежбачи се убедени дека водата ќе го згасне ,,огнот,, кој им се буди во стомакот за време на вежбањето и дека тоа ќе им го забави метаболизмот. Тоа е многу лош совет, кој никако не треба да се следи. За време на вежбањето е неопходно да се пие вода, со цел телото да може да се хидрира адекватно.