Ви претставуваме уште еден одличен тест кој многу реално ќе ја ослика вашата подготвеност, но и ќе ви стави и до знаење кој дел од телото ви е најслаб и на што најмногу треба да се посветите. Тестот е многу едноставен, бидејќи се состои од само 3 вежби и 20 серии, но доколку целта ви е добар резултат, гарантираме дека ќе се заморите и испотите до гола кожа.

Со оглед на тоа што ова е многу исцрпувачки тренинг, за многу кусо време ќе потрошите многу калории, а во исто време ќе ги напрегнете мускулите на целото тело. Ако сакате ваков тренинг, спартанскиот тест може да се најде на вашиот план на тренинг. Препорака е тоа да биде еднаш неделно. На тој начин ќе направите многу добар и напорен тренинг за кусо време, ќе се ослободите од вишокот масни наслаги, но во истовреме ќе се тестирате и полесно ќе го следите својот напредок.

Како што кажавме веќе, тренингот се состои од 3 вежби: стомачни, склекови и чучнувања. Многу е важно секоја вежба да се изведува правилно. Стомачните треба да се прават до крај со спуштање сосема до долу, склековите исот така треба до крај да се изведуваат без брзање, без многу да се шират рацете, додека кај чучнувањата грбот задолжително треба да биде прав. Спуштајте се сосема до долу и исправајте се сосема до горе.

Напомена: Девојките треба да прават женски склекови, односно варијација на склекови со спуштени колена на подот.

Направете 10 стомачни, 10 склекови и 10 чучнувања и потоа се одново. Целта е да се направат 20 вакви кругови за што покусо време.

 

5. Врвна формапод 21 мин. за 20 серии

4. Одлична форма: 21-24 мин.

3. Задоволителна форма: 24-27 мин.

2. Лоша форма: 27-30 мин.

1. Почетничка формаповеќе од 30 мин.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина