Ако сте во онаа група на луѓе кои одвај чекаат да одат на одмор, па малку повеќе се опуштаат кога се работи за исхраната и тренингот, тогаш откријте како да ги одбегнете потенцијалните стапици, како да продолжите да се храните здраво и да останете витки во текот на летувањето.

 

 

Значењето на појадокот

 

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот и тоа не треба да се заборави дури ни кога сме на одмор. По бурната ноќ и некоја чашка алкохол повеќе ќе се разбудите во не баш најдобра состојба,а токму тогаш е важно да се консумира квалитетен појадок, кои ќе ви ги обезбеди сите неопходни нутритиенти.

 

Омлет, овесна каша, овошје со задолжителна хидратација на телото со многу течности е она што ви треба. Одбегнувајте брза храна, која само ќе ви ја влоши состојбата.

 

Останете активни

 

Искористете ги сите можности кои ви се нудат во опкружувањето во кое се наоѓате за време на одморот. Ако сте отишле на море, џогирајте или правете различни вежби на песокот. Тоа ќе активира бројни мускули во вашето тело. Секако, тука се и неизоставноте активности во вода, кои ги овозможува токму еден ваков одмор.

 

Одморете се адекватно

 

Направете програма, која ќе ја обработите дури откако ќе заврши одморот и кога во целост ќе ги наполните батериите. Тоа е посебно важно ако сте во калориски дефицит. Затоа направете одмор од тешките тренинзи, јадете малку повеќе и сосема препуштете им се на магиите на летото. На тој начин е го освежите физички телото, но и менталната состојба на организмот.

 

 

Петминутен тренинг

 

Секој ден правете по неколку едноставни вежби за телото да ви остане во топ форма. Дури и петминутен тренинг на плажа може да даде фантастични резултати.

 

Паметно со храна

 

Ако се плашите дека ќе нафрлите некој килограм повеќе, немојте да се грижите, бидејќи статистиките покажале дека за време на летните одмори луѓето обично слабеат по некој килограм. Но, тоа не важи ако постојано јадете брза храна и ако редовно консумирате алкохол. Што се однесува до исхраната за време на одморот, нутриционистит епрепорачуваат многу протеински намирници, како риба, пилешко и јјаца. Задолжително на менито мора да се има изобилстово од салати зачинети со маслиново масло, овошје, немасни јогурти, компир, а одвреме-навреме и омлети со сланина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина