Имате здрави животни навики, но сигурно не знаете дека некои ситни работи можат да ви го загрозуваат здравјето, а вие за тоа да не бидете воопшто свесни. Луѓето обично користат исто пластично шише од вода или сок повеќе пати, без да знаат дека тоа може да биде отровно. Меѓутоа, одделна амбалажа е наменета исклучиво за еднократна употреба! На дното од секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголник со бројот во средина, под кој се наоѓа знак кој ви кажува колку е опасна пластиката која ја држитe во раце. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, тогаш не треба да се користи повеќе пати. Еве што значи секоја од ознаката. Повеќето шишиња од минерална и од обична вода и газирани и негазирани напитоци ја имаат ознаката PET (ИЛИ PETE). Важно е да знаете дека овие се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое следно полнење на овие шишиња со вода во неа да се испушти тежок метал антимон, кое го попречува делувањето на хормоните. Ваквите шишиња можат да испуштаат и канцерогени материи.

Пластичната амбалажа со ознаките PVC, PS ИЛИ PC не треба никогаш да се користи, бидејќи испушта две опасни хемикалии кои го попречуваат работењето на хормоните – стирен и BPA.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) во 2010 година објавила извештај во кој изразува загриженост околу изложувањето на фетусите, бебињата и малите деца на отровот бисфенол, кој исто така го има во пластичните албалажи, а кој има негативни последици врз нивнито развој. Бисфенолот содржи и епокси смола, која се користи како заштитна обвивка во конзервите и лименките. А малкумина знаат дека во стоматологијата ја има во потполнувачите за заби. Уште пред сто години било утврдено дека бисфенолот во човечкото тело делува како вештачки естроген, бидејќи тој ги имитира човечките хормони и го нарушува нашиот ендокринолошки систем. Веќе е потврдена поврзаноста на бисфенолот со ракот на дојката, оштетувањата на црниот дроб, дебелината, дијабетесот, неплодноста и проблемите со ерекција кај мажите, полицистичните јајници кај жените и неколку видови карциноми.

 

 

plastika1

 

Пред две години, Данска стана првата европска земја која го забрани бисфенолот во производството на амбалажа за храна и пијалоци за деца помлади од три години. А, најновата студија направена неодамна ја потврди поврзаноста помеѓу оваа хемикалија и срцевите заболувања. Англиските научници ги анализирале податоците од анкетата од страна на “National Health and Nutrition” и докажале дека мажите со високи дози на бисфенол во организмот имаат поголем ризик од развој на болести на срцето. Тоа е поради тоа што бисфенолот го потиснува хормонот кој не штити од срцев удар, оксидативен стрес и оштетување на крвните садови.

Шишиња кои се безбедни за користење:

Ќе ги препознаете по ознаките HDP или HDPE, LDPE и PP или по бројките 2, 4, 5.

LDPE е вид пластика која за жал не се користи многу за производство на шишиња, туку повеќе за ќеси за пакување производи.

HDP и PP воглавно се бели и се користат за изработка на чашите за јогурт.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина