Постојат неколку причини зошто планинарењето е одлична активност во случај на хипотиреоза и хипертиреоза. Веќе е познато дека тоа носи бројни здравствени предности за кардиоваскуларниот систем и подобрување на фитнесот. Но, дали сте знаеле дека е еден од најдобрите облици на вежбање за оние со нарушувања на работата на штитната жлезда и исцрпеност на надбубрежната жлезда?

Освен што придонесува за кондиција и здравје на кардиоваскуларниот систем, планинарењето ја намалува и депресијата и помага за подобар сон. Исто така, оние кои редовно планинарат имаат намален ризик за рак на дебелото црево и рак на дојката, а можен е и помал ризик од рак на белите дробови и на штитната жлезда. Планинарењето го активира речиси секој дел од телото: нозете, колената, глуждовите, рацете, колковите, стомачните мускули, рамењата и вратот. Тоа го активира и телото и умот – одењето во природа е сетилно искуство кое ги буди сите сетила и ја храни фантазијата. Според зборовите на Грегори Милер, претседател на Американското друштво на планинари, бројни истражувања покажуваат дека планинарењето има позитивно влијание на сузбивањето на симптомите на стрес и потиштеност. Престојот во природа е вкоренет во нашата ДНК, а тоа понекогаш го забораваме.

Затоа планинарењето може да се претвори во медитациска пракса тоа е одличен начин за раздвижување и поврзување со природата, што за возврат ќе доведе до опуштање и креативност. Повеќето од проблемите со штитната жлезда се јавуваат после долг период на фрустрација и задржување на проблемите во себе. Причина може да биде и физичка или емоционална траума, чувство на помала вредност и трупање негативни емоции. И, додека физичките симптоми можат да се ублажат благодарение на исхраната, промената на стилот на живот или со лекови, целосното оздравување понекогаш бара одење еден чекор понатаму.

Планинарењето е одлична можност за да го растоварите умот од проблемите во совемениот свет и повторно да се поврзете со природата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина