5 мали тајни за прекрасни раце
Годините секогаш повеќе се забележуваат на рацете отколку на лицето – се чини како кожата побрзо да старее на нив. Но, постојат начини како да се забави тоа и рацете да изгледаат дури десет години помлади
Воведете ги во својот живот овие пет навики и резултат нема да изостане:
Внимавајте како ги миете рацете
Високата температура на водата и честото насапунување ја сушат кожата на рацете, таа ја губи влагата и почнува да се лупи. Антибактерискиот сапун користете го што помалку, само кога тоа е навистина неопходно, а одбегнувајте на рацете да ставате и парфеми.
Бирајте сапуни кои во себе имаат масло од јојоба, маслиново и алое вера. Исто така, одбегнувајте електрични сушалки за раце. Бришете ги со хартија.
Носете заштитни ракавици
Рацете се постојано под стрес поради разни надворешни влијанија – студ, хемикалии, сув воздух… За да го намалите оштетувањето на кожата, носете ракавици секојпат кога имате можност.
Чувајте ги рацете во топли ракавици кога надвор е студено, потоа, користете гумени додека миете садови или ја чистите куќата, а кога работите во градина, ставете ракавици наменети за тоа.
Редовно хидратизирајте ги рацете
Одберете добра крема за раце, која ќе ја хидратизира кожата, и користете ја по потреба, но не помалку од два пати на ден – наутро и навечер. Ако имате многу сува кожа, ставете ја кремата со пумпа и мачкајте ги рацете секојпат кога ќе ги измиете.
За кремата да биде пофикасна, по вечерното нанесување ставете на рацете памучни ракавици и така легнете си. И, не заборавајте на ноктите. За тоа најдобро ќе послужи и специјална крема за кожичката околу ноктите, која содржи во себе витамин Е.
Исто така, за кожата да биде хидратизирана, влагата треба да се добива и одвнатре, па затоа пијте многу вода. Ако воздухот во домот ви е сув, набавете навлажнувач за воздух – кожата ќе ви биде благодарна.
Не заборавајте на пилингот
Еднаш неделно треба да ги остранувате мртвите клетки од рацете со квалитетен пилинг и потоа нанесете хранлива крема. Ваква маска можете и дома да си направите. На пример, измешајте половина авокадо, жолчка и лажичка сок од лимон. Нанесете ја на рацете и оставете да делува 20 минути. Како пилинг може да ви послужи мешавина од маслиново масло и шеќер, но и класичниот пилинг кој го користите за телото.
Заштитете ги од сонце
Еден од главните, видливи знаци за старост на рацете е хиперпигментацијата на кожата. За тоа може да допринесе и сонцето, односно незаштитените раце изложени на сончевите зраци можат со тек на време да изгледаат постари отколку што се. Ако сакате да ја одбегнете прераната појава на овие пеги, редовно на рацете ненесувајте крема која штити од сонце.
Ако веќе имате вакви дамки, тогаш посегнете по агруми, кои сепознати како природни избелувачи на кожата. На пример, направете маска од лажица лимонов сок, лажица млеко и лажичка мед и одредено