7 благодети на сауната
Една од причините зошто Скандинавките имаат толку убава и беспрекорна кожа сигурно е одењето во сауна, традиционален благодет во кој, на пример, Финците уживаат веќе повеќе од 1000 години.
Докажано е дека делувањето на врелиот воздух, и промената на топол и студен воздух, е исклучително здраво за јакнење на имунитетот, подобро расположение, а посебно за убавината на кожата. Ова се седумте причини зошто посетата на сауна треба да ви стане рутина.
1. Релаксира
Промената на врел и студен воздух делува поволно на психата, бидејќи ослободува ендорфин, хормонот на добро расположение и среќа. Најдобро е сауна да се посетува ви вечерните часови, а после неа, опуштени и ,,блажено,, уморни ќе спиете полесно и поздраво.
2. Ја поттикнува циркулацијата
Во сауна, температурата на кожата се подига за десеттина, а внатрешноста на телото за еден степен. Со наизменично минување од врело на студено се поттикнува циркулацијата, крвта побрзо се движи низ телото, а срцето подобро се снабдува со кислород и со хранливи материи.
Доволни се десеттина минути за организмот во сауна просечно да излачи од 0,6 до1,2 литри пот. Благодарение на тоа се чистат сите пори и се излачуваат штетните материи од организмот.
3. Го јакне имунитетот
Покрај повишената температура, се поттикнува и ослободувањето на одбранбените материи во крвта, кои штитат од вируси и бактерии. Така се јакне имунолошкиот систем во организмот. Покрај тоа, сауната до седум пати го подобрува снабдувањето со крв на дишните патишта, па е извонредно средство во борбата против кивавицата, настинката и грипот.
4. Ја чисти кожата
Потењето го поттикнува излачувањето и чистењето од токсини, маснотии и бактерии и во исто време го поттикнува формирањето на нови кожни клетки, па кожата станува помека и понежна. Покрај тоа, метаболизмот на кожата се зајакнува за два до три пати, се отвораат сите пори и се чистат од штетните материи, се лупат старите клетки, а кожата станува поцврста и посјајна. Сауната поради тоа е многу успешна во борбата со митисерите и акните и делува поволно и кај сувата кожа.
5. Подмладува
Во сауна и најмалите капилари се полнат со крв, а влажниот воздух ја омекнува кожата, што е совршена подлога за пилинг на лицето и телото. Во парна или т.н. турска сауна, клетките на кожата ќе ја впијат влагата која им недостасува, додека малите брчки кои се имаат појавено поради сувост на кожата, ќе исчезнат за миг. По овие третмани кожата ќе стане мека и кадифена.
6. Го намалува целулитот
Со наизменичното разменување на топол воздух и студена вода се јакне сврзното ткиво и се поттикнува излачувањето на течностите и шттените материи од ткивата, главните виновници за трупањето на целулитот. Со туширањето со студена вода дополнително се поттикнува циркулацијата преку масирање на проблематичните делови, а по ,,саунирањето,, се втрива антицелулитен крем, кого ,,ослободената,, кожа подобро ќе го впие.
7. Оддржува витка линија
Во комбинација со избегнувањето на нередовни и преобилни оброци сауната одлично помага во оддржувањето на витката линија. Освен што го поттикнува разградувањето на маснотиите, по сауната се чувствуваме лесно уморни и немаме апетит, па без проблем може да ја прескокнеме вечерата. Ако сме на диета, сауната помага и ги смирува раздразливоста и стресот кои се чувствуваат кога преминуваме на редуциран режим на диетална исхрана.