Природни маски за порцелански тен на лицето
Покрај тоа што е вкусен, морковот е богат со многу витамини и минерали кои го окрепуваат нашиот организам. Освен бета-каротен и витамин А, кои се важни за кожата и за нејзината регенерација, морковот уште содржи и витамни, ПП, С, Е, К како и калиум, калциум, јод, цинк и кобалт. Но, освен за јадење, морковот е одличен и за подготвување природни маски. Еве некои од нив.
1. Морков + aвокадо
Состојки:
- Еден сварен морков
- Половина авокадо
- Две лажици павлака
- Две лажици мед
- Јајце
Подготовка:
Во блендер се блендираат авокадото и морковот. Потоа им се додаваат останатите состојки и се се меша убаво за да се соедини.
Маската се нанесува на чисто лице и се држи околу 10-15 минути. Потоа се отстранува со тупфери и лицето се мие со млака вода.
2. Морков + лимон
Состојки:
- 1 лажица сок од лимон
- 3 лажици сок од моркови
- 1 лажица павлака
Подготовка:
Сите состојки добро се мешаат. Маската се држи на лице околу 15 минути и се мие.
3. Морков + жолчка + маслиново масло + овесни снегулки
Состојки:
- 5 лажици сок од моркови
- Една жолчка
- 1 кафена лажичка маслиново масло
- 1 лажица смелени овесни снегулки
Подготовка:
Сите состојки се мелат во блендер и потоа добро се мешаат. Маската се нанесува на чисто лице и се држи половина час. Се измива со топла вода.
4.Варен морков
Состојки:
- 2 лажици варен моркови, исецкан
- 1 лажица мед
Подготовка:
Прво сварете го морковот и измиксајте го во блендер заедно со медот. Добиената смеса нанесете ја на чисто лице да отстои околу 20 минути. Потоа измијте ја со топла вода.