Вежбањето во времетраење од 30 минути пет дена во неделата гарантира дека ќе имате подолг и посреќен живот. Но, постојат и некои побрзи чекори, кои помагаат да ги остварите своите лични цели со сосема поинаков распоред.

 

Половина час вежбање пет дена во неделата е оптималната количина на активност која ја препорачуваат здравствените работници на сите возрасни, за да имаат посреќен и поздрав живот. Но, повеќето мислат дека малата физичка активност нема да допринесе за психофизичката состојба на поединецот.

 

Преовладува некое мислење дека мора да еs вежба нон-стоп за да можеме да уживаме во здравствените благодети од физичкатa активност, но тоа  не е точно. Вежбањето придонесува за подолг живот, подобро ментално здравје и полесно одржување на телесната тежина. Но, постојат и некои побрзи чекори, позаобиколни патишта за постигнување резултати со помалку вежбање или со физичка активност која подобро ни одговара.

 

Ова се само неки од советите на специјалистите:

 

  • 10-минутно трчање или возење велосипед три пати неделно за намалување на ризикот од добивање
  • 90 – минутна каква било вежба неделно за намалување на високиот крвен притисок
  • 120 – минутен аеробик на ден за подобрување на помнењето
  • 150 – минутно умерено вежбање (по желба) за намалување на ризикот од добивање некои видови рак
  • 165 – минутна прошетка за намалување на симптомите на депресија
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина