Луѓето одат во теретана од различни причини: да изградат мускули, да изгубат масти, да се вратат во форма, да го обликуваат телото, да си го подобрат здравјето, а некои од нив дури и одат само за да не им биде досадно и да им помине времето. Од сите “посетители на теретаната”, само мал процент ќе станат редовни и посветени вежбачи, додека другите ќе вежбаат само неколку недели, месеци или пак можеби години, пред да исчезнат и веќе да не се појават во фитнес салата. Од сите овие преостанати вежбачи, 90% нема да успеат да направат значителни подобрувања по првите неколку недели од вежбањето. Дали сте се запрашале зошто ова се случува?

Постои само еден едноставен одговор на ова прашање – немаат план за напредок. Тие само одат во фитнес салата и вежбаат како и вообичаено, со надеж дека еден ден ќе го добијат телото кое го сакаат.

Оние кои сакаат да изградат мускули обично следат примери за вежбање од списанија, или уште полошо – одат во теретана, ја прават било која вежба што им доаѓа на ум во моментот, и прават 3 сета од 10 повторувања пред да преминат на наредната случајна вежба.

Оние пак, кои сакаат да изгубат килограми, следат одреден план на исхрана еден месец или поминуваат безброј часови на кардио машини без да изведуваат вежби со тежина.

 

Како да направите план за подобрување во вежбањето?

 

greski-vo-bodibildingot

 

1. Дефинирајте ја вашата цел- Сконцентрирајте се и работете кон остварување на вашата цел. Вашиот ум и срце нека бидат насочени кон неа, не вежбајте само механички.

2. Најдете вежби/ спорт кои ви одговараат- Секој од нас е уникатен и не се сите рутински тренинзи добри или пак му одговараат на секого. Можете да дознаете што ви одговара – пробајте различни работи. И секако еден совет – не се придржувајте до тренинзите на професионалците и нивните рутини за вежбање. Тие најверојатно имаат подобри генетски предиспозиции од вас, имаат хемиски помагатели и најверојатно немаат редовна работа од 09-17 часот за која би требало да се грижат.

3. Дури и кога ќе најдете тренинг кој ви одговара, размислете за тоа да ги смените вежбите од време на време. Запомнете, ниеден тренинг не е добар засекогаш. Вашето тело се прилагодува на стресот кој му е наметнат.

4. Излезете од вашата зона на удобност. Правењето вежби при кои се чувствувате удобно, обично нема да донесе никаков напредок. Тешките вежби се оние кои му овозможуваат на вашето тело да се трансформира така да може да се справи со стресот. Во вашата рутина задолжително вклучете ги мртвото дигање, чучњевите и стоечкиот потисок над глава во период од 5-6 месеци. Мора да имате напредок после ова!

5. Одморајте се – Вашето тело се опоравува и обновува за време на периодите за одмор. Вежбањето 3-4 пати неделно со тегови е доволно за да предизвикате раст на мускулите. Доколку не правите кардио вежби по вежбите со оптоварување, оние денови кога нема да вежбате со тежина се добри за правењето на овие кардио вежби. Запомнете го и тоа да не претерувате со кардио вежбите. 30 минутното одење, џогирање или возење на статичен велосипед е добро за почеток.

6. Водете дневник за тежините кои ги кревате и храната која ја консумирате. Следете го вашиот напредок. Подоцна, ќе можете да го анализирате дневникот и ќе знаете што ви одговара, а што не.

7. Бидете доследни – Читајте и учете нови работи. Со текот на времето, ќе научите како да правите разлика помеѓу добар и лош совет.

8. Уживајте во вежбањето – Ако не ви се допаѓа она што го правите, никогаш нема да можете да го видите напредокот.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.