Музиката стана составен дел од нашето вежбање и рекреација, па за многумина е нестварно да го истегнуваат телото без во позадина да нема некаков ,,бит,,.

Научниците дошле до заклучок дека постојат 4 важни причини зошто не би било лошо да се ослободиме од оваа навика:

 

Посвесни сте

 

Кога трчате без слушалки, полесно можете да го наслушнувате сопственото тело и да сфатите дали грешите во нешто, дали треба да го промените ритамот. Кога слушате музика, таа ве води, а тоа можеби и не му годи на телото баш секогаш.

Подобро дишете

 

Правилното дишење и правилните движења се најдобар предуслов за квалитетно трчање и остварување на вашата цел. Ако си попречувате со музика, потешко ќе забележите дали веќе сте се замориле, иако телото ви сигнализира дека му е потребен повеќе кислород.

Ментално сте посилни

 

Луѓето кои вежбаат со музика во уши често тоа го прават по извесна навика, со која не постигнуваат многу кога се работи за јакнење на менталната издржливост.

Често музиката не тера напред, поради и што многумина велат дека без неа не можат повеќе, што всушност значи дека во целост се потпираат на ритамот и во него бараат мотивација.

Физички сте поиздрживи

 

Џогирањењето без музика во ушите ќе ја засили и вашата физичка сила. Тоа значи дека трчајќи без ритам во ушите ќе можете конечно да го доловите ритамот на своето тело.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина