Аронијата е една од намирниците која со право се нарекува супер овошје, кој е термин со кој од 2005 година се опишува овошје кое е богато со нутритивни вредности. Оваа намирница потекнува од Северна Америка, од дивините на шумите, a е позната по својот кисел вкус. По боја може да биде црвена, виолетова и темновиолеова (лат. Aronia melanocarpa), која речиси е со црна боја. Таквата впечатлива темновиолетова боја укажува на тоа дека е богата со антиоксидансот антоцијанин, кој ги штити клетките на организмот, делува противвоспалително и помага кај хронични воспаленија. Ова се дополнителните здравствени предности кои се кријат во бобинките на аронијата.

 

1. Аронијата е вистинско природно богатство преполно со витамини. Во себе ги содржи Ц, A, E, Б, Б2, Б6, Б9 витамините и многу реткиот витамин П.

2. Свежите плодови од аронија имаат најголем антиоксидациски капацитет од сите други бобинки и друго овошје мерено според ORAC и TEAC стандардите, поради што го забавуваат стареењето и го спречуваат оштетувањето на клетките.

3. Со оглед на тоа што е преполна со флавоноиди, аронијата е исклучително ефикасна во заштитата на срцето и крвните садови.

4. Аронијата помага во регулирањето на крвниот притисок така што делува како антивоспалително средство и ги опушта артериите со својата состојка антоцијанин.

5. Аронијата можат да ја користат и дијабетичарите – антоцијанинот го снижува новото на гликоза во урината и нивото на оксидација на липидите, па така помага кај шеќерна болест.

6. Заштитата од сонцето не мора да доаѓа само однадвор – аронијата е една од намирниците која ја штити кожата одвнатре од сончеви изгореници.

7. Аронијата ја подобрува работата на штитната жлезда – го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони и така помага кај боелсти на штитната жлезда.

8. Аронијата делува ефикасно на цревата и желудникот, a добра е за сите оние кои патат од гастритис или чир на желудникот.

9. Исто така ја поттикнува циркулацијата и ублажува мигрени и главоболки.

10. Уште еден од благодетите на аронијата е тоа што придонесува за здравјето и за нормалното функционирање на имунолошкиот систем.

11. Аронијата помага во чистење на организмот, а е ефикасна кај излачувањето на тешките метали и радиоактивни материи руските научници ја користеле аронијата по нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година за ублажување на здравствените тегоби кај заразените луѓе.

12. Аронијата е отпорна на студ (може да преживее температури и до –30°C), па без проблем успева и кај нас. Засадете ја и уверете се сами.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина