Знаете колку е важно редовното чистење на лицето, но постои веројатност дека тоа го правите на погрешен начин. Ова се само некои од вообичаените грешки при изведување на вашите рутини за нега на лицето. Доктор Макрен Алексиадес-Арменакас, професорка на Универзитетот Јејл, САД, истакнува некои од најчестите грешки и нуди корисни совети.

 

Одберете соодветно средство за чистење на лицето

 

Средството за чистење би требало да помогне за правилно да се исчисти кожата на лицето и да се подготви за другите производи за нега на кожата, како што се серумите или кремите. Одлучете се за нежно хидратизирачко средство за чистење на лицето кое успешно отстранува масноти и валканици, така што во исто време нема да ја остави кожата сува, затегната и надразнета.

 

Прво рацете

 

Пред да започнете со чистење на лицето, темелно измијте ги рацете. Не сакате бактериите од рацете да се пренесат на чувствителната кожа на лицето.

 

Млака вода

Миењето на лицето со студена вода за да се затворат порите е голема заблуда. Не само што студената или врелата вода ќе ја шокираат и изиритираат кожата на лицето, туку и овој невнимателен третман ќе доведе до пукање на капиларите на лицето.

 

Внимателно при нанесувањето средства за чистење на лицето

 

Никогаш не го нанесувајте средтсвото за чистење на лицето без претходно навлажнување на лицето. Повеќето од тие средства се агресивни и треба да се разблажат со вода. Средството нанесувајте го на прстите и направете сапуница или размачкајте го, па нанесете го на лицето со нежни кружни движења, така полесно ќе ја извадите нечистотиите од него.

 

Измијте и повторете

Недоволно измиеното средство од лицето ќе ја исуши и ќе ги затне порите. Продолжете со измивањето, се додека целосно не го остраните средството од кожата на лицето. Не забораајте добро да ја измиете кожата која се наоѓа во близина на скалпот. Овие места често се забораваат да се измијат добро и тоа доведува до иритација на кожата.

 

Не претерувајте со пилингот

Средствата за пилинг се наменети за остранување на мртвите клетки од кожата, оставајќи го лицето мазно. Но, ако пречесто правите пилинг, можете да го извдите и исушите новиот слој на кожа, а тоа со тек на време ќе ја ослабне природната заштита на кожата на лицето.

 

А што е со вашата крпа за бришење?

Крпата за бришење која ја користитеRučnik koji koristite za lice neka je  треба да биде секогаш чиста и мека. Не го тријте лицето со неа, оти тоа може да доведе до појава на абразија и брчки.

 

Завршете со хидратација

Нанесете хидратантна крема додека е кожата на лицето се уште влажна, со цел да ги оддржите нејзината хидратација и баланс.

 

Премногу добри нешта

Миењето на лицето два до три пати дневно е здраво, но при чистењето се нарушува природнат заштита на кожата, про предизвикува појава на акни или уште полошо на црвенило на кожата или розацеа.

 

Квалитетен ноќен одмор

Никогаш немојте да си легнувате додека не го исчистите лицето темелно од шминка или нечистотии. Ако кожата на лицето ја оставите нечиста во текот на ноќта, може да предизвикате насобирање на габички, кои доведуваат до црвенила и до иритација на кожата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина