Карактерот одредува на која болест сме склони
Психолозите, барајќи корелација помеѓу карактерните црти на една личност и склоноста кон одредени болести, класифицирала три типови на личности: тип A, тип Б и тип Д. Во продолжение погледнете кој тип на личност сте вие и што ви советуваат психолозите.
Тип А се оние луѓе кои се упорни, натпреварувачки настроени, кои си поставуваат на себе високи цели. Тие се радохоличари, кои ги игнорираат сопствените физички ограничувања и кои поради тоа се склони кон срцеви заболувања.
Тип Б се опуштени луѓе, кои никогаш не брзаат и кои никогаш не се нервозни. И, додека типот А е фокусиран на натпреварување и постигнување мерливи резултати, типот Б живее за сегашниот миг.
Тип Д се луѓе кои се склони кон нервирање, кои се лесно раздразливи и честопати искажуваат негативни емоции. Овој тип на личности е исто така склон кон срцеви заболувања, но и кон заболувања кои предизвикуваат стрес.
Ако одговорите во најголем дел позитивно на следниве прашања, тогаш најверојатно му припаѓате на типот А, а ако одговорите негативно, тогаш сте тип Б:
- Дали секогаш брзата, и на работа и вон него?
- Дали често работата ја носите дома?
- Дали јадете брзо?
- Дали имате силна потреба да напредувате?
- Дали немате време да појдете на фризер?
- Дали сте нетрпеливи да чекате во редови?
Ако, пак, следниве реченици добро ве опишуваат, тогаш сте тип Д:
- Често сум нервозен/а.
- Си ја сакам својата приватност.
- Не ги делам чувствата со други луѓе.
- Често се чувствувам нерасположено.
Ако се препознаете во некој од овие типови повеќе од другите, еве што советува во тој поглед доктор Роналд Рижоа, автор на книгата ’Leadership Studies’, со цел да си помогнете на своето психичко и физичко здравје:
Типот А се личности кои се успешни на работното место, но кои се склони на стрес. Студиите велат дека стресот е можно да се регулира со учење на техника за покажување на емоциите на соодветниот начин.
Тип Б се луѓе кои живејат за сегашниот момент и од нив овие од типот А би можеле да научат како да се опуштат и да уживаат. Типот Б е личност која може да биде успешна доколку си поставува на себе краткорочни цели.
Личностите кои припаѓаат на типот Д треба да научат да зборуваат за своите чувства, да ги контролираат негативните емоции и да развиваат подобри меѓучовечки односи.