Постојат некои мали пропусти кои ги правиме, а кои делуваат лошо на нашата вагина и свесни сме за тоа, како што е на пример нередовното туширање или честата бразилска депилација. Меѓутоа, од друга страна постојат и лоши навики кои кај жените можат ,,таму долу,, да доведат до проблемот на враснати влакна или инфекции. Погледнете кои случаи самите ги предизвикуваме, а кои бараата итна посета на гинеколог.

1. Носење долна облека за време на спиење

Долната облека, посебно ако не е од природни материјали, е идеално опкружување за развој на бактерии, па поради тоа, секојпат кога имате можност, би требало да спиете без него.

2. Миење на интимниот дел со агресивни сапуни

Вагината е чувствителен орган, со уште почувствителна PH рамнотежа, благодарение на која се функционра токму онака како што треба. Лошите сапуни и останати средства за миење можат да ве исфрлат од таа рамнотежа, што може да биде причина за заразни инфекции. Одбегнувајте ги производите кои не се наменети за интимна хигиена.

3.Небришење темелно по туширање

Можеби понекогаш сте во итање, но колку и да ви се брза, по туширањето треба темелно да се избришете и да не се облекувате додека не бидете целосно суви. Вишокот влага придонесува за развој на бактериите и го отвора патот за развој на разни инфекции, па затоа облекувањето по туширање треба да се одложи до последниот миг.

4.Самостојно решавање на здравствените проблеми

Истражувањата покажале дека на многу млади жени им е непријатно да се обратат на доктор кога имаат проблем со интимните делови од телото, па неретко посегнуваат за советување со доктор ,,Google”. Какви и да ве мачат проблеми, никогаш не се колебајте да се обратите на доктор!

5. Користење лубрикант кој всушност не е лубрикант

Вазелинот и разните масла можеби некому ќе му се видат како добра замена за лубрикант, но користењето на било што што не е лубрикант е многу лоша идеја. Освен што можете да добиете инфекција, можете и да ја изиритирате вагината и да доведете до оштетување на кондомот. Лубрикантите се користат од повеќе причини. На некои им е потребен поради недоволна влажност на вагината, некои поради подобро чувство, некои за анален секс. Но, изборот на вистински лубрикант е многу важен, бидејќи тој не се суши пребро, не исчезнува со триење и не го суши местото на кое се нанесува.

6. “Пиењепреку вагината

Можеби веќе имате слушнато за неверојатниот тренд на ставање во вагината на тампон натопен со вотка. Иако повеќе ова е урбан мит одошто вистински тренд, не е лошо да се потсети зошто ова е најлошата можна идеја. Имено, “консумирањетоалкохол на овој начин значи дека сиот алкохол оди директно во крвотокот, па колку и да бидете пијани, нема да можете да го исфрлите од телото.

7. Долг престој во костим за капење

Нема кој не сака да се капе во базен, а на секој му се случило барем еднаш да остане во мокар костим за капење. Времето поминато во оваа состојба и влагата која се создава ,,таму долу,,, ја задушуваат вагината и доведува до размножување на бактерии. Ако тоа не се лекува, може да дојде до сериозни гинеколошки проблеми. Се препорачува по пливање веднаш да се преслечете и да останете без некое време без долен веш, за да може вагината да се исуши на воздух.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина