Празниците се вистинска „црвена зона“ за килограмите. Опасностите демнеат од секаде, во овие денови вкусни специјалитети и храна има во изобилие, но вие треба внимателно да ги бирате намирниците, за да не завршите со поголем конфекциски број по празниците. Ви ги пренесуваме советите од познатите фитнес експерти за тоа како да уживате во храната, а истовремено да не претерате со калориите.

praznici_naslovna

Боби Стром (инструкторот на Џесика Бил, Бритни Спирс, Блејк Лајвли)

Новогодишната вечера или свечен ручек е само еден оброк. Почестете се, но сконцентрирајте се само на тој оброк. Немојте да дозволите гурманското уживање да трае три недели или цел ден да грицкате калорични оброци. Пробајте ги домашните специјалитети, можете дури и домашно подготвените колачи. Тие вредат навистина за оние екстра калории кои ионака ќе ги внесете! Во никој случај немојте да се прејадувате со грицки и чипс!

Харли Пастернак (инструкторот на Лејди Гага, Меган Фокс, Кејти Пери и Ријана)

Паркирајте се на барем три улици раздалеченост од местото каде е закажана вечерата или ручекот. Кога ќе ставате храна во чинијата, нека остане еден дел празен, а подобро ставајте си на неколку пати. Облечете намерно фустан, пантолони или блуза кои се тесни во струкот за брзо да го поплните стомакот и веднаш да престанете да внесувате прекумерни количини на храна.

Манди Ингбер (инструкторот по јога на Џенифер Анистон и Хелен Хант )

Мојот избор е секогаш да јадам исклучиво домашно производи. Тоа автоматски го намалува изборот на јадења и намирници, го намалува изборот и штеди калории.

Бернардо Копола (инструкторот на Метју Морисон)

Уживајте во празничните денови, но веќе од наредното утро вратете се на старите добри нутритивни навики. Се работи за чиста психологија. Во ред е да ги поместите границите за кратко, но истовремено да сте свесни дека тоа не е добро, не е во ваш стил. Исто така, обидете се да имате еден понапорен и подолг тренинг за да го надоместите изгубеното.

Андреа Орбек ( фитнес консултантот на Хајди Клум)

Модификувајте го менито. Наместо тешки и калорични преливи користете јогурт,лимон, избегнувајте шеќери и павлака. Дури и една неизедена мала лажичка мајонез претставува значајна „заштеда на калории“.

Давид Кирш (велнес стручњак со кој соработуваат Ен Хатавеј и Лив Тајлер)

Немојте ниту да се изгладнувате за време на празниците. Јадете помали оброци во текот на денот. Еден од нив добро е да биде протеински шејк. За ужинка подгответе тврдо варено јајце. Метаболизмот мора да остане на исто ниво, а не да го забавите.

Фред Девито (творец на фитнес програмата Exhale)

Ако веќе сте прегладнети, нема да можете рационално да одбирате што ќе јадете, ќе се преоптоварите и на крајот нема да можете да уживате во храната, ниту пак ќе се чувствувате добро. Препорачливо е да изедете некоја нутритивна, а нискокалорична ужинка (незасладена житарка е одличен избор) пред да заминете на свечениот ручек или вечера, да не одите со празен стомак. Наместо алкохолни и газирани пијалоци најдобро е да консумирате обична негазирана вода, и тоа ќе претставува значајна заштеда на калории.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.