Повредите за време на сексот се ретка појава, но сепак знаат да се случат и воглавно се сериозни. До повреда најчесто доаѓа поради тоа како и каде се води љубов. Но, што би можело да биде позабавно од комбинирањето на сексот и опасноста… нели? Екстремното уживање е понекогаш опасно бидејќи, знаете како велат – премногу од нешто не е на арно. Овојпат не станува збор за обични, напредни пози на секуалните егзибициоинсти, туку за нешто што е уште поопасно. Овие пози би можеле да доведат до исчашување на лигаментите, дислоцирање на екстремитетите, скинати мускули и скршени глави, наместо до сензуален оргазам. Ама, луѓето се љубопитни, па ќе пробаат било што барем еднаш. Ако спаѓате во таа група на луѓе, секоја од овие пози пробајте ја на сопствен ризик
Некои места и пози се поопасни од други, па можат да влијаат на ризикот од повреда и да доведат дури и до ,,скршен пенис,,.
Ова се шесте најопасни сексуални пози, кои треба да ги одбегнувате или барем да ги користите многу внимателно:

1. Секс во кујна

Мажот стои на прсти, додека жената е седната на кујнската работна површина пред него. Ако мажот ја промаши ,,метата,, и нацели превисоко или прениско, може да ја удри препонската коска или работната површина и да се здобие со пенилна фрактура. Секоја положба во која мажот стои на прсти за време на сексуалниот чин може да биде опасна.

2. Мост

Вашиот партнер прави мост, а вие го јавнувате и ја имате сета контрола во рацете. Притоа можете и двајцата да се искршите уште пред да се наместите во позата. Партнерот мора да биде пофлексибилен или гимнастичар за да не дојде до тоа. Мажот може само да се надева жената да не му го скрши рбетот кога ќе го јавне или да му ги исчаши зглобовите на рацете или нозете.

3. Наковална

Легнати на грб, нозете ви се раширени во воздухот. Вашиот партнер коленичи пред вас и се ведне кон нанапред, помеѓу вашите нозе. Додека пенетрира во вас, вашите нозе му се на рамењата. Ваквата поза се чини за безопасна, но и не е. Нозете ви се вклештени под неговата тежина, па се наоѓате во многу беспомошна ситуација. Можете само да се надевате да биде нежен и дека нема да претера и да ви приреди истегнување на грбот.

4. Топка за вежбање

Сексот на ваква топка може навистина да ве возбуди, но бидете внимателни. При оваа поза скршениицте на пенисот се многу чести, исто како што е случајот при секоја поза во која пенисот целосно влегува во вагината и повторно се враќа назад.

5. Каубојска поза

Мажот е легнат на грб, жената седи врз него. Стандардно. Но, проблемот настанува кога жената, наместо да се наведне нанапред и да ги стави рацете на неговите гради, се ведне многу наназад. Во овие случаи на притисок, пенисот може да се истегне, што со тек на време може да доведе до Пејрониева болест и свиткан пенис при ерекција. Тогаш настанува невозможност за било кога да се има секс.

6. Стоечка мисионерска поза

Мажот ја држи во целост жената, се витка наназад и со виткање на колената ја крева и спушта на својот пенис. Ваквите актобатски пози можат да доведат до проблеми со грбот кај мажите, а секогаш постои и ризик од губење на рамнотежата и паѓање.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина