Дали розовата хималајска сол има некакви здравствени придобивки?
Розовата хималајска сол се добива од камени кристали на сол кои се ископуваат од рудници за сол наоколу Хималаите, особено често во Пакистан. Својата розова боја ја должи на присуството на минералите во неа, меѓу кои се магнезиумот, калциумот и калиумот. Луѓето тврдат дека оваа сол прави многу нешта. Се зборува дека е побогата поради поголемата концентрација на елемнети во трагови во себе.
Компаниите тврдат дека ги олеснува симптомите на сезонската депресија (SAD), ја зголемува енергијата и го подобрува сонот преку прочистување на воздухот од загадувачите, како што се поленот и прашината. Се претпоставува дека ова го постигнува со апсорбирање на молекулите на водата од воздухот и ослободување негативни воздушни јони, за кои се вели дека помагаат во ослободувањето од честичките како што се оние на прашината, кои можат да предизвикаат респираторни проблеми, како алергии и астма, и да влијаат на расположението.
Ова се темели на идејата дека воздухот покрај истечните води содржат високи нивоа на негативни јони, кои според научниците е една од причините зошто престојот во природа е поврзан со здравствените придобивки.
Некои податоци наведуваат дека искрењата од позитивните јони – како оние од електрониката или од жежок воздух влијаат негативно на здравјето и ги засилуваат чувствата на стрес и на анкциозност, додека некои студии покажуваат дека нејативните јони во воздухот делуваат спротивно и го подобруваат расположението. Но, научни докази дека истово го прави хималајската сол се уште нема.
Како пример, во јануари 80,000 ламби со хималајска сол биле повлечени од продажба зашто било откриено дека можат да предизвикаат електричен шок и да се запалат.
Што се однесува до солта за јадење, некои тврдат дека по вкус е подобра од обичната бела сол кога се употребува за готвење. Поборниците за хималајската сол велат и дека таа има повеќе минерали во себе од обичната сол, иако нема да имате дополнителни здравствени бенефити ако ја јадете. Розовата хималајска сол според хранливоста е многу слична со обичната сол. Само што е многу поубави и поскапа. Терапиите со сол во спа центрите се уште не се поддржани со никакви докази. Солената терапија се користи и се дебатира со векови во медицинската пракса, но само од неодамна се користи како комплементарна или алтернативна медицинска практика. Досега, се уште не е со сигурност проучувана и се уште не се знаат добро нејзините вистински бенефити.
Полезности од оваа сол можеби воопшто и не доаѓаат од неа. Одморањето дома 30 – 45 минути, во потполна тишина, е добро познато ослободување ос стрес. За крај, доколку сакате да додадете еден прстофат розова сол во својата храна, само напред. Но, сигурно од тоа нема да имате којзнае какви здравствени продобивки.