Дали сте размислувале некогаш дека страната од телото на која спиете иа одредено влијание врз вашето здравје? Токму така! Ова се причините зошто е подобро да се спие на левата страна.

Се подобрува функцијата на лимфниот систем

Лимфниот ситем игра клучна улога во нашето тело, бидејќи ги исфрла отпадот и токсините од него. Стручњаците велат дека најголемата вена на лимфниот систем се наоѓа токму на левата страна од телото, па кога се спие на оваа страна поефикасно се исфрла овој отпад. Исто така, лимфниот систем е задолжен и за транспорт на маснотиите, протеините и другите важни материи за нашиот организам, а лежењето на левата страна на телото им овозможува на овие материи побрзо да стигнат до клетките.

Слезината подобро си ја врши својата работа

Слезината е најголемиот орган во лимфниот систем и се наоѓа на левата страна од телото. Кога спиеме на лева страна, таа работи поефикасно. Главна причина за тоа е гравитацијата, која го поттикнува протокот на крв во слезината и на тој начин овозможува побрзо да ги филтрира нечистотиите.

Спојот помеѓу тенкото и дебелото црево се наоѓа исто така на левата страна од телото и , исто како кај слезината, гравитацијат апомага во нивното работење. Така, кога се спие на лева страна се олеснува транспортот на отпадот од тенкото во дебелото црево. Па така, се што треба да излезе од организмот низ дебелото црево, ќе излезе побрзо.

Може да го намали интензитетот на ноќните желудочни киселини

Ако имате проблеми со чести желудочни киселини, тогаш треба да ја усвоите навиката на спиење на левата страна. Во таа положба желудникот ќе биде сместен под срцевиот сфинктер, прстеновиден мускул кој се наоѓа помеѓу хранопроводникот и желудникот, а кој има задача да го запира враќањето на содржината од желудникот во хранопроводникот.

Му помага на црниот дроб да не биде преоптоварен 

Со оглед на тоа што црниот дроб се наоѓа на десната страна, лежејќи на оваа страна може да се направи притисок врз овој орган. Затоа, ако спиете на левата страна, црниот дроб нема да биде преоптоварен со токсини и со други штетни материи.

Добро е за срцето

Левата страна на срцето ја прима крвта од белите дробови и го пумпа понатаму низ телото. Токму затоа, спиењето на левата страна може да му помогне на срцето за да си ја врши својат афункција полесно и поефикасно. Кога спиете на лева страна, гравитацијата ја олеснува работата на системот за циркулација, посебно на аортата и на долната шуплива вена – голема вена која се наоѓа на десната страна од карлицата.

 

Тагови: сонспиење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина