Фитнес справите за вежбање во домашни услови се се повеќе популарни и се повеќе може да се види како го исполнуваат несискористениот простор од дневните соби.Помеѓу  многубројните справи кои денеска се достапни по релативни поволни цени, орбитрекот го зазема првото место, со оглед на сите погодности кои ги нуди вежбањето на оваа справа. Па доколку и вие сте од оние на кои орбитрекот им е една популарно наречена„ скапа закачалка” која фаќа прав, прочитајте ги следните 6 причини зошто да се активирате и повторно да ја употребувате.

orbitrek1

1.Минимално оптеретување на зглобовите

Со вежбање на орбитрек, се стимулираат движење налик на трчање, а доколку во вежбањето се вклуат и рацете, се стимулира движењеслично на трчање со скии. Тоа овозможува удобност на вежбањето и затегнување на мускулите, како во горниот, така и во долниот дел. Притоа се создава минимално оптеретување на зглобовите, посебно на колената и и `рбетот, што ја прави оваа направа погодна за сите возрасти и за оние кои имаат било какви проблеми со мускулно-зглобниот систем.

Елиптичнозаобленитерачкиму овозможуваат природна позицијана телото, особено на ‘рбетот,па шансите за повреда се мали или речиси никакви. За луѓето кои не се навикнати на вежбање и коиги праватпрвите чекори восветот на спортот, ова значи многу,бидејќи справата овозможувапостепенопривикнување на вежбањето, без можности од повреди.

2.Една вежба за цело тело

Орбитрекот е една од ретките справи кои го симулираат природното движење на човечкото тело и во само една вежба се активираат сите поголеми мускулни групи, што е идеално во денешно време, кога имаме се поголем број на секојдневни обврски .

Синхронизираните движења кои вклучуваат работа и на рацете и нозете,  ќе ви помогнат во најкус можен рок да го затегнете  целото тело – нозете, рацете, торзото и задникот. А со тоа, ќе ги стопите имасните наслаги.

Резултатот е: затегнато, повитко тело со поцврсти мускули кои трошат повеќе калории.

3. Идеален за аеробен тренинг

Возењето на орбитрек е воглавно аеробна вежба и затоа е добра за подобрување на функцијата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, што е многу важно за одржување на обликот на телото. А со подобрување на телесната форма, се забрзува базалниот метаболизам, се трошат повеќе калории, се топат масти, а вие се чувствувате подобро, поздраво и посреќно. Исто така голем број истражувања докажуваат дека редовното вежбање значително го намалува ризикот од некои од најчестите современите болести, како срцеви заболувања, заболувања на нервниот систем, дијабетис, артериска хипертензија, дебелина, депресија и остеопороза.

4. Можност за користење на различни програми

Секој елипсовиден тренажер, однодно орбитрек, има можност за прилагодување на отпорот и избор на различни програми кои ќе ви овозможат да го прилагодите вежбањето на сопствените амбиции. Без разлика дали сакате да ги стопите масните наслаги од стомакот, да ги зацврснете вашите нозе и задник, или сакате само да го подобрите аеробниот капацитет –орбитрекот е вистинската направа за вас. Во исто време на екранот можете да го следите тоа колку долго вежбате, со која брзина,колкаво растојание сте поминале, потрошувачката на калории и движењето на пуслот за време на вежбањето. Поскапите модели дури и го мерат процентот на телесните масти.

5. Заштедува време и пари

Со сите секојдневни обврски денескасе потешко станува да надеме време и пари за вежбање, па затиоа вежбањето дома е вистински хит. Освен заштедата на време и пари, вежбањето дома има многу други предности. Пред се,  ви овозможува да вежбате кога сакате, со вашиот омилен филм или серија. Покрај тоа, без оглед на цената за купување, доколку редовно вежбате,вашата справа ќе излезе поевтина отколку да плаќате членарина во фитнес центар.

6. Зазема многу малку простор

Исто така, една од главните придобивки на оваа елипсовидна справа е дека завзема многу малку простор и може без проблем да се пренесува низ станот. За време на вежбањето, можете да го свртите вашиоттелевизор, да ја гледате омилената серија и да го поврзете убавото со корисното. Од друга страна, додека не вежбате, орбитрекот можете лесно да го пренесувате и чистите и да го ставите во некој ќош за да не ви пречи, но секојдневно ќе ве потсетува дека треба да вежбате.