Знаци кои укажуваат дека ви недостигаат протеини од месото
Сосема е прифатливо месото да не биде секој ден на вашето мени, посебно ако е сте некој голем љубител на оваа намирница. Всушност, разновидната исхрана богата со овошје, зеленчук, мешунки, житарки и други безмасни намирници е пожелна.
Но, ако сте навикнати редовно да јадете месо, тогаш и вашето тело ќе има потреба од него. Логично, бидејќи месото е најважниот извор на протеини и тоа некои кои не можеме да ги најдеме во ниту еден вид храна. Покрај протеини, месото е богато и со железо, витамини, минерали и заситени и незаситени масни киселини, кои му се потребни на организмот за правилно функционирање. Покрај тоа што чувствувате потреба за мирисот и вкусот на месото, постојат и други знаци кои укажуват дека тоа ви недостасува, односно дека ви недостасуваат месните протеини.
Еден од овие знаци е чувството на замор и исцрпеност дури и откако ќе одморите. Едноставно, имате чувство како да не сте спиеле воопшто, а тоа може да биде аларм дека ви недостигаат нутритиентите од месото. Покрај железото, само во месните протеини може да се најде витаминот Б12, кој со фолната киселина учествува во градењето и обновата на клетките во организмот. Овој значаен витамин не може да се пронајде во ниту една друга прехранбена намирница, а неговиот недостаток во организмот може да доведе до појава на анемија.
Еден од првите знаци за недостиг на витаминот Б12 е трнење на рацете и нозете, како и чувство на необично пецкање на овие места. Ако не внесувате доволно протеини, може да дојде во организмот до недостиг на цинк, еден од најважните минерали за здрав имунолошки систем.
Покрај тоа, друг знак за недостиг на протеини можат да бидат кршливите нокти, кои лесно пукаат, а може да се почувствува и кога закрепнување од повреда на мускулното ткиво трае многу долго. Освен тоа, недостигот на протеини може да предизвика почести повреди за време на спортски и други активности. Можат да се појават и болки во мускулите, кои не се последица од физички активности, туку се појавуваат буквално без причина.


