zelezo_naslovvna

Жените многу почесто имаат недостаток на железо отколку мажите. Овие симптоми ќе ви откријат дали го имате и вие истиот проблем.

1 ) Исцрпени сте

Ова е најчестиот симптом за недостаток на железо и најтешко е да се воочи. Жените често имаат похаотични животи и сосема е нормално да се чувствуваат уморно. Сепак, поради недостатокот на железо, помалку кислород доаѓа до ткивата, па останувате без потребната енергија. Ако вашиот замор трае долго време, дури и по неколку дена, се работи за недостаток на железо.

2 ) Имате тешки менструации

Жените кои имаат недостаток на железо, имаат болни менструации. Тие губат премногу крв, а заменуваат само половина од потрошената, па повторно следниот месец трошат премногу. Тоа е знак дека треба да се внесува повеќе железо.

3) Бледи сте

Хемоглобинот и дава на нашата крв црвена боја и заради тоа кожата има розова боја. Тоа значи дека ниското ниво на овој протеин може да предизвика бледило. Ако имате светол тен, ова е лесно да се воочи, но може да се забележи и во внатрешноста на устата.

4 ) Лесно останувате без воздух

Без разлика на тоа колку длабоко вдишувате, доколку нивото на кислород е ниско, ќе се почувствувате како да немате воздух. Ако забележите дека останувате без здив правејќи работи што претходно нормално сте ги правеле, најверојатно станува збор за недостаток на железо.

5 ) Срцето забрзано ви чука

Поради забрзаната работа на срцето можат да се јават голем број на срцеви проблеми. Но за тоа да се случи е потребно долго време да имате проблем со недостаток на железо. Сепак, што е можно поскоро решете го проблемот со недостаток на железо и внесувајте го многу повеќе, за срцето нормално да ви работи и за да не дојде до овие проблеми.

6 ) Синдром на немирни нозе

Не можете да престанете да цупкате со нозете? Околу 15 отсто од луѓето со овој проблем имаат недостаток на железо. Што помалку железо имате, толку симптомите се посилни.

7 ) Главоболка

Вашиот организам целиот кислород ќе го испрати прво до мозокот, а дури потоа и во другите ткива, но дури и на овој начин мозокот ќе добие помалку кислород отколку нормално. Заради тоа мозочните артерии можат да се потечат, што предизвикува главоболки.

8 ) Се чувствувате вознемирени без причина

Недостатокот на железо може да направи да се чувствувате нервозно. Недостатокот на кислород влијае на симпатетичкиот нервен систем, кој е ваш двигател. Покрај тоа, поради недостатокот на железо срцето забрзано чука, па се чувствувате напнато дури и кога немате причина за тоа.

9 ) Ви опаѓа косата

Недостатокот на железо, особено ако прерасне во анемија може да доведе до губење на косата. Телото се префрлува на модулот за преживување, па кислородот се испраќа таму каде што е најнеопходен, со цел да се одржат виталните функции. Но, немојте да се плашите ако се работи само за неколку влакна. Сосема е нормално на една личност да и опаднат и до 100 влакна дневно.

12 ) Јазикот ви изгледа чудно

Освен тоа што јазикот ја губи старата боја, ниското ниво на железо влијае на намалувањето на миоглобинот, протеин во црвените крвни зрнца кој го одржува здравјето на мускулите, како што се мускулите кои го сочинуваат јазикот. Затоа, многу од оние кои имаат недостаток на железо се жалат на болка или невообичаено мазен јазик.

10) Веган сте или вегетаријанец

Нашето тело го апсорбира хем железото, кое се наоѓа во месото, кое е многу поефикасно отколку она добиено од растенијата. Но, вие сепак можете да внесете доволно железо со правилно планирање на оброците. Темнолиснатиот зеленчук и житарките се богати со железо, а кога ќе се здружат со храна богата со витамин Ц, како што се пиперките, бобинките и брокулата, апсорпцијата е уште подобра.

zelezo1

11 ) Бремени сте

На бебињата, исто така, им е потребно железо и тие можат да го украдат од мајчините залихи. Покрај тоа, многу жени при породувањето губат голема количина на крв, што уште повеќе го намалува количеството на железо. Ако носите близнаци или тројка, морате многу да го зголемите внесот на железо.