Ако сте почетник, оваа сезона ќе биде за вас само запознавање со овие спортови, со нивните техники, теориски делови и пракса, па затоа би било сосема нереално да очекувате да можете веднаш да се спуштате по падини како некаков акциски херој. Секако, немојте ниту еден од овие спортови да пробувате да го практицирате без претходна подготовка и тренинг, бидејќи многу брзо може да дојде до несреќа. Но, за неколку години одличен тренинг во текот на целата година (за овие спортови потребна е кондиција и одлична физичка подготвеност) ќе имате можност да ги согледате границите на сопствените можности.

 

Kitewing  е дисциплина чии почетоци се во Финска. Може да се спроведува во различни услови, со тоа што на снег се користат скии и скејтборд, кои се управуваат со помош на самостоечко крило слично на едрото за сурфање, користејќи ја силината на ветрот. Овој спорт е за сите оние кои веќе го имаат испробано едрењето на штица и на кои им се допаѓаат спортови кои се невозможни без природните сили.

 

Kitewing

 

 

Snowkite  е еден од релативно поновите спортови и еден од ретките кои овозможува спуштање низ падини и подигање од нив со помош на змај. Се вози на штица или на скии, а поради можностите што ги дава начинот на движење, овој спорт може да се смета за еден од најслободните зимски спортови. Со змејот може да се прескокнува од една на друга падина, оддалечена и до 50 метри, или да се подига во висина и до 10 метри.

Боб е олимписка дисциплина, доволно возбудлива за да се решите да се испробате и да станете нејзин пријател за целиот живот. За почеток, ќе треба сами да си направите патеки за возење боб ако нема онаму каде што мислите да го возите. Можете да ги пробате проверените скијачки патеки, но никако немојте сами да се спуштате по планинските врвови кои се премногу стрмни со неисправен боб кој нема сопирачки или со неисправна опрема.

 

Bob

 

Ice climbing (искачување по мраз) е врвна забава за врвни спортисти кои пред се имаат почит кон природата, одлична форма и голема доза на авантуризам. Овој спорт се спроведува во неколку техники, а се практицира на замрзнати гребени и врвови, смрзнати водопади и т.н. како што веќе кажавме, мора да бидете во добра форма за да можете да се занимавате со овој спорт, а пред се физички силни и подготвени за тешки и опасни по живот ситуации, во кои морате да останете со студена глава и подготвени за брзо донесување одлуки. Искачувањето е најдобро во друштво, па затоа соберете екипа од спортисти кои сакаат авантури и впуштете се во оваа спортска авантура, на која секогаш повторно ќе и се враќате.

Ice-climbing

 

Skijoring (скијање со кучиња) – Овој спорт е спорт во кој ве влечат две до три извежбани кучиња, додека вие се лизгате на скии и се тркате со други противкандидати за тоа кој побрзо ќе помине помеѓу 5 и 20 километри. Од опрема ќе ви требаат скии и стапови и јаже долго отприлика 1,5 метри, кое ќе го заврзете за кучињата. Корените на овој спорт се во Норвешка. Најважно правило е дека не смеете да го терате кучето да ве влече. Тоа мора своеволно да сака да трча и да ве влече.

Icesurfing (скијање по мраз) е спорт сличен на сурфање по вода со едра кои ги придвижува брзината на ветрот. Од опрема потребни се штица за едрење и едро, заштитна облека и очила. Подгответе се да сурфате по заледени водени површини кои немаат тенденција да пукнат под вашата тежина.

 

Icesurfing

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина