Иако можеби ви звучи провокативно и привлечно, сексот под туш не е никако препорачлив. Едноставно, оваа егзибиција знае да биде многу опасна.

Нема место за активност

Нема врска колку ви е голема туш кабината, сеедно сте ограничени и можни се само некои пози. Можете да се обидете со секс во стоечка положба, што и не е баш најдобра идеја доколку се разликувате во висината, а партнерот нема доволно сила за да ве држи во подигнати. Евентуално да ја подигнете едната нога на работ од кадата или да се потпрете на плочките (и онака е доволно опасно и лизгаво додека стоите на двете нозе) Икако предлог, можете да испробате секс одзади, во некоја полустоечка положба. Се друго бара многу внимателно планирање и акробации, па зарем во стој случај не ви е поедноставно да водите љубов на некое друго место?

Орален секс – можна, но не и пријатна мисија

Оралниот секс под вклучен туш теоретски не е можно, само е непрактично и не е толку пријатно за да се впуштате во тоа. Како да не ви е доволен предизвик што се борите да дојдете до воздух при орален секс на суво, замислете само како е тоа кога вода ви тече на сите страни, ви влегува во носот и устата. Единствена опција ви е да ја затворите водата или да се тргнете од тушот. Но, тогаш зошто и би сте се впуштале во сето тоа, кога едноставно можете тоа да го направите и во спалната (или некоја друга) соба.

Опасност: мокро значи лизгаво

Малку опасност може да биде секси, но ништо нема да ви го упропасти расположението како ситуацијата во која вие или саканиот се лизгате или паѓате. Ако веќе навистина сакате да испробате секс под туш, тогаш погрижете се да ставите гумена подлога пред да се впуштите во егзибиционирање.

Без добар бојлер, можно е само ,,на брзина,,

Ако немате среќа, а имате бојлер кој има ограничена количина топла вода, тоа значи дека ви е ограничено времето за забава под тушот, посебн ако сакате долга предигра. Тогаш може да ви се случи да ви исчезне топлата вода токму во мигот на најголема страст, што воопшто не е добро. Па, каков секс ќе биде тоа во кој нема постојано стравување?

Водата не е секогаш добра опција

Среќа, па, денес имаме модерни бањи. Но, ни тоа не е секогаш добра работа. Тушот добро ќе ве освежи, но ако имате “агресивен” туш којшто прска неконтролирано на сите страни и ве заслепува и од која не можете да дишете убаво, ќе ви преседне било какво ,,галење,, со вашиот партнер.

Студени плочки

Во лето ова не е проблем, туку предност, но во постудените месеци студените плочки се дефинитивно маана за сексот под туш. Замислете ја ситуацијата во која уживате под топол туш, а во еден миг задникот ви се допре од студените плочки. Грозно чувство!

Не е вашиот партнер единствено ,,крут,,

Под тушот околу вас нема убави, меки површини на кои можете да се потпрете. Се е тврдо и неудобно и од се ви се закануваат модринки. Дали навистина се исплати?

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина