Ако кашлате, ве болат мускулите, имате висока температура и чувствувате замор, најверојатно имате грип или некоја слична вирусна инфекција. Досега официјално се потврдени 2 типа на вирусот на инфлуенца – тип А (H3) и B.

Видовите кои досега предизвикуваа најмногу инфекции на грип ги загрижуваат стручњаците. Овие наведени типови имаат потешки симптоми кај пациентите, посебно кај постарите луѓе. Врз основа на искуствата од последниве неколку години, стручњаците сметаат дека постарите и децата може да имаат потешки последици од грипот. Иако ниту еден лек ни вакцина не делуваат 100% и не се совршени, сепак вакцината е и понатаму најдоброто оружје против грипот. Иако се потребни две недели вакцината да биде ефикасна во целост, секогаш има време за вакцина. Таа ќе спречи сериозни последици и компликации и ќе ги намали шансите грипот да се шири.

Неодамна во САД бил откриен првиот случај човек да заболи од грип од мачка. Дали тоа значи дека вашата мачка треба да ја ставите во карантин? Веројатно не. Заболениот човек бил ветеринар во едно склониште за болни животни, каде имало многу болни, а грипот најверојатно го донеле птиците.

Покрај ова заразување, тука ќе ја споменеме и акутната заразна болест предизвикана од бактеријата coxiella burmetii, попозната како Кју треска. Оваа болест се карактеризира со симптоми слични на оние со грипот. Неретко се случува луѓето воопшто и да немаат симптоми. Постојат и случаи на повторување на инфекцијата, како и потешки форми на инфекции, кога може да дојде до оштетувања на срцето, црниот дроб, мозокот и белите дробови. Кју се пренесува на луѓето од животните, најчесто од овци, кози и говеда. Бактериите од заразените животни во организмот доаѓаат со вдишување на честички пршина. Поради тоа висок ризик за Кју имаат оние кои се занимаваат со земјоделство и ветерина, како и оние кои вршат истражувања и експерименти врз животни. Полесните случаи на оваа болест можат брзо да се излечат со антибиотици, но кај потешките случаи лекувањето може да потрае и повеќе од 18 месеци.

Симптомите на Кју се забележливи во периодот помеѓу три и триесет дена по изложување на бактериите.

Најчести знаци и симптоми:

  • висока температура (41°C)
  • силна главоболка

  • замор

  • кашлица

  • мачнина

  • дијареја

  • чувствителност на светлина

Бактеријата coxiella burmetii може да ги зарази и домашните миленичиња. Тие ја пренесуваат преку урина, млеко и амнионска течност. Кога овие супстанции ќе се исушат, бактериите во нив почнуваат да патуваат преку прашината и така стигаат до белите дробови на луѓето.

Кју може да се појави во кое било време од годината, а најзачестена е во пролет (најчесто април и мај). Мажите имаат поголем ризик од инфекција од жените.

Ризикот од смртност од Кју е зголемен кај:

  • луѓе болни од срце и кои имаат болести на крвните садови

  • оние кои имаат слаб имунитет

  • болни од бубрези (бубрежна инфекција)

Сериозни компликации од Кју се (поради делувањето на срцето, црниот дроб, белите дробови и мозокот):

  • ендокардитис (оштетување на срцевите залисци)
  • силно воспаление на белите дробови

  • оштетување на црниот дроб

  • менингитис (воспаление на мозочната мембрана)
  • проблеми во бременоста (предвремено породување и бебе со мала тежина)

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина