Ако не сакате да сте мамурни, тогаш не пијте премногу алкохол. Всушност, тоа е еден од сигурните методи против мачнини и болка. Сепак, љубителите на чашката пред излегување пијат млеко и јадат леб, а пијат вода пред легнување. Научниците предлагаат уште еден нов метод.

Имено, најновото истражување покажува дека шпарглите се многу ефикасни во спречувањето на мамурлук. Имено, научниците од Универзитетот за медицински науки при Универзитетот јеј, во Јужна Кореја, имаат докази дека аминокиселините од овој зеленчук ги олеснуваат симптомите на мамурлук и го штитат црниот дроб од токсини.

Во студијата објавена во Journal of Food Science, истражувачите ги анализирале состојките во младите шпаргли и го набљудувале делувањето врз живите организми, клетките и луѓето. Водичот на истражувањето, Б. Ј. Ким, вели: ‘Труењето на клетките беше значително намалено по консумирање на шпарглите.’ тие дошле до откритие и дека ситните листови на шпарглата се побогати со аминокиселини и минерали, па од така се и поефикасни во превенцијата на мамурлукот.

Поранешните истражувања покажале дека шпарглите се богати со аминокиселини кои ги стимулираат функциите на ензимите, а тоа пак го забрзува разградувањето на алкохолот во телото. Шпарглите многу често се користат во алтернативната медицина, бидејќи се смета дека делуваат против ракот. Се користат и за лекување на габи и инфекции, па делуваат како диуретик. Овој зеленчук е нискокалоричен, а е богат со витамини, минерали и влакна. Енергетската вредност на 100 грама шпаргли изнесува само 35 калории, бидејќи вонајголем дел се составени од вода (93%), додека 1,7% отпаѓа на белковини, 2,6% на јагленохидрати и 0,7% на масти.

Од витамините и минералите, најбогато е со калиум и калциум, магнезиум, железо, фосфор, бакар, манган, селен и цинк, витамин B6, витамините A, C, K и E, тиамин, рибофлавин, рутин, ниацин. Интересно е што аминокиселината аспарагин, кој го има во големи количини во шпарглите, името го добила токму по нив.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина