На многумина вишокот масти на стомакот претставува проблем кој не можат да го решат со години, а плус е и чест знак за проблеми со срцето. Меѓутоа, салото околу стомакот е исто така и обележје за недостаток на еден од витамините кои се неопходни за добро здравје. Имено, истражувањето на Универзитетот во Амстердам докажало дека оние кои имаат вишок килограми и преголема количина масно ткиво на стомакот имаат недостаток на витаминот Д. Сепак, се уште не е јасно дали недостатокот на овој витамин доведува до натрупување на масно ткиво на абдоменот или дебелината го намалува неговото ниво. Поранешните исражувања докажале дека витаминот Д го намалува ризикот од појава на болести како што се артритис, астма и дијабетес тип 1, благодарение на неговите противвоспалителни својства и својствата за јакнење на имунитетот.

 

  • Големата поврзаност помеѓу поголемата количина масно ткиво на стомакот и намалената количина на витаминот Д упатува на тоа дека оние кои имаат преголем обем на половината имаат поголем ризик од недостаток на витаминот Д – вели авторката на студијата, доктор Рашида Рафик од Универзитерот во Амстердам.

 

Студијата е спроведена така што научниците го анализирале абдоминалното и вкупното масно ткиво кај луѓе на возраст од 45 до 65 години кои учествувале во поранешни истражувања за прекумерна дебелина. Кај испитаниците се проценувало нивото на витаминот Д. Колку е овој витамин важен (познат уште и како витамин сонце) зборува фактот дека тој може да го спречи, па дури и да го поправи оштетувањето на срцето предизвикано од дијабетес и висок крвен притисок. Некои стручњаци дури тврдат дека витаминот Д е поевтина алтернатива за лековите кои инаку се користат за болести на срцето. Витаминот Д делува така што го поттикнува производството на азотната киселина која е важна за регулација на крвотокот и спречување на создавање крвни згрутчувања. Исто така, го намалува ,,внатрешниот стрес,, во кардиоваскуларниот систем, што исто така делува поволно врз здравјето на срцето.

 

  • Не постојат многу, ако воопшто и ги има, познати системи кои можат да се користат за регенерација на оштетените кардиоваскуларни клетки, но витаминот Д го може тоа. Тоа е евтино решение за ,,поправање,, на кардиоваскуларниот систем. Не мора да развиваме нов лек, туку веќе го имаме – тврди доктор Тадеуш Малински од Универзитетот во Охајо, САД.

 

 

Витаминот Д посебно е полезен за здравјето на жените. Науката докажала дека внесувањето на витаминот Д преку храната и додатоците на исхраната ја намалува можноста за рана менопауза за 17% се смета дека овој витамин го забавува стареењето на јајчниците.

 

Најголем природен извор на витамин Д е сончевата светлина, а го има во масната риба, жолчката и некои видови житарки. Некои млечни производи се зајакнати со витамин Д, па го има и во нив.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина