Вистина е дека поголемиот број намирници кои ги купуваме содржат конзерванси, но во продавниците можат да се најде многу здрава храна чиј рок на траење е многу долг. Ова се некои од нив.

Бадеми

Бадемите се полни со мононезаситени киселини и се одличен извор на витаминот Е и на влакна. Рокот на траење им е дури една година ако се чуваат во фрижидер.

Кафеав ориз

 

Овој ориз изобилува со влакна, витамин Е и антиоксиданси. На собна температура може да стои дури една година. По отворање, рокот на траење му е шест месеци

Чиа семе

Полни се со влакна и калциум, а стручњаците велат и дека го намалуваат зголемениот крвен притисок. Ако ги чувате во фрижидер, мирни сте една година.

Урми

Урмите се единственото природно дехидрирано овошје полно со влакна и идеално засладување на оброкот. Добро затворени на собна температура можат да стојат шест месеци, а во фрижидер до една година.

Путери од јаткасти плодови

Тие се одличен извор на протеини и на мононезаситени масни киселини, а на собра температура можат да се одржат девет месеци, ако не се отворени. Кога ќе се отворат, стојат до три месеци.

Маслиново масло

Одличен извор е на мононезаситени масни киселини. Неотворено шише на собна температура трае една година, а отворено шест месеци

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина