Во последно време, се повеќе луѓе исфрлаат од исхраната одделни намирници. Од глутенот, преку млечните производи, па се до шеќерот, на листата се нижат се повеќе и повеќе ,,непожелни,,. И, додека оние кои се навистина нетолерантни на глутен или лактоза, на пример, немаат многу избор, оние кои ја исфрлаат која било намирница од исхраната од помодарство, прават голема грешка. Ова посебно се однесува на оние кои решаваат да престанат да консумираат млеко и млечни производи верувајќи дека тие им делуваат лошо на тенот или дека се дебелеат поради нив. Ако не сте нетолерантни на глукоза, може да се случи да станете ако престанете да јадете млечни производи. Вистина е дека голем дел од популацијата има проблеми со варењето на лактозата, бидејќи телото не им создава доволно лактаза, ензим кој ја разложува.

 

Генерално, децата помлади од пет години имаат доволно од овој ензим, но како старееме, неговото ниво се намалува. Сепак, кога консумираме млечни производи, добрите бактерии во нашите црева создаваат лактаза и се функционира како што природата има наложено.

 

  • Бактериите во нашите црева мораат да се хранат за да преживејат – објаснува доктор Денис Савајано од универзитетот Пердју. – Оние кои имаат навикнато да јадат млечни производи, имаат повеќе од ензимот лактаза, дури за шест до осум пати повеќе од оние кои не консумираат млеко и млечни производи, и со самото тоа ги варат многу поефикасно – додава тој.

 

Но, ако ги исфрлите млечните производи од исхраната на подолго време, нивото на лактаза ќе опадне и следниот пат кога ќе ги јадете ќе имате проблеми со варењето.

 

Докторите поради тоа советуваат да не си ги скратувате млечните производи ако за тоа немате медицинска причина.

 

A ако веќе сте го направиле тоа, а сте се предомислиле, воведувајте ги повторно постепено и имајте во предвид дека јогуртот и тврдите сирења имаат многу пониско ниво на лактоза отколку млекото, па ќе ви биде полесно да ги сварите, пренесува “Indipendent”.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина