Премногу спиење е штетно по здравјето?
Колку сон е потребен за нормално функционирање во текот на денот? Веројатно секој има одговор на ова прашање, но спиењето во секој случај е неопходно. Премногу спиење може да предизвика сериозни здравствени последици, исто како и неговиот недостиг. Дури ни научниците немаат одговор на ова прашање, иако се некако се сведува на правилото 888 – осум часа работење, осум часа одмор и осум часа спиење.
1. Преголемото спиење е еден од првите знаци за депресија
Депресијата вообичаено се поврзува со инсомнијата, но во некои случаи депресијата може да биде најавена и со претерано спиење. Дури и некои студии се согласуваат дека најтешките случаи на депресија се токму поврзани си преголемото спиење.
2. Награда за премногу спиење е ,,затапен мозок,,
Во текот на ноќта, мозокот го процесира нашето помнење. Ги отфрла непотребните нешта, ги балансира невротрансмитерите. Идеалниот распон на сон е неопходен за нормално функционирање на мозокот. Премалку сон може да прдизвика Алцхајмерова болест, деменција – но и когнитивни проблеми.
3. Срцеви тегоби
Студијата која анализирала 72.000 жени со различни обрасци на спиење докажала дека оние кои спиеле помеѓу 9 и 11 часа имаат за 40% шанси да се разболат од срцеви болести. Процентот е далеку помал кај оние кои спијат помеѓу 7 и 8 часа.
4. Дијабетес
Студија спроведена во САД вели дека спиењето кое трае подолго од девет часа го зголемува риикот од дијабетес за огромни 50%. Оптимумот е седум часа, како што веќе напоменавме, додека спиењето помалку од пет часа исто така води до истиот процент за заболување од шеќерна болест. Како превенција се налага нормална сатница при спиењето.
5. ‘Мамурлук‘ од премногу спиење
Истражувачите веруваат дека вишокот сон влијае врз невротрансмитерите како што е серотонинот. Затоа, кога ќе се разбудиме по девет или повеќе часа спиење – се будиме со главоболка. Оние кои спијат во текот на денот за да спијат помалку во текот на ноќта, ги имаат истите проблеми. Ова најлесно може да се поправи со телесни вежби.
6. Премногу спиење ја намалува можноста за репродукција
Студијата од Јужна Кореја, од 2013 година, покажува дека жените кои спијат во интервал од седум до осум часа во текот на ноќта, имаат поголеми шанси да забременат. Навиките на спиење влијаат многу на циркадиевите ритми, на лачењето на хормоните и на менструалните циклуси. Сепак, се уште се работи на пронаоѓање на врската помеѓу сонот и влијанието врз бременоста кај жените.
7. Ако спиете премногу – може да се здебелите
Оние кои спијат многу веројатно се дебели. Можностите да се здебелите од премногу спиење се за 25% поголеми од оние кои имаат нормални интервали. Луѓето кои спијат помалку, автоматски имаат помали проблеми со телесната тежина. Дури ни храната, ниту навиките за вежбање, немаат толкаво влијание врз дебелината колку спиењето.
8. Која е најлошата причина на сите телесни нарушувања?
Луѓето кои спијат подолго, умираат порано. Одморот не мора нужно да подразбира спиење. Почнете да вршите сопствен надзор над сонот. Промениете ги навиките во исхраната и почнете да вежбате. Тоа се обично мантрите за долг и здрав живот.