Поголемиот дел од населението во Македонија не внесува доволни количини на витамин Ц во организмот, а истражувањата покажуваат дека просечната дневна доза на внесување на овој важен витамин во многу земји е многу мала, далеку под најниските дневни препорачани дози. Се проценува и дека дневното внесување на витамин Ц кај една четвртина од Американците е под 39 милиграми, а дури половина Германци ја внесуваат препорачаната доза.

Иако до сега се објавени повеќе од  50.000 научни статии во стручни медицински списанија за витаминот Ц, и понатаму овој витамин претставува тема за која има големо несогласување меѓу стручната јавност. Од една страна се групата научници кои тврдат дека витаминот Ц има речиси натприродни својстви и дека претставува лек за речиси сите болести, додека други тврдат дека витаминот Ц е супстанца која нема ниту приближно толку голема моќ.

Првите несогласувања се околу дневната доза на витамин Ц. Официјалните препораки до неодамна изнесуваа 60 милиграми, додека последниве години поединечни институции советуваат дневно внесување на најмалку 90 милиграми. Меѓутоа, голем дел од научниците се согласни дека тоа се сепак мали дози кои не овозможуваат витаминот Ц да го исполни својот капацитет и затоа треба да се внесува во значително поголеми дози , бидејќи сите количини кои ги земаме над препорачаните дози се еслиминираат од организмот.

Експертите објаснуваат и дека високите температури при готвењето го уништуваат витманинот Ц  и дека при готвењете намирниците можат да изгубат и до една третина од количината на овој витамин кој се состои во нив.

Чадот од цигарите и загадувањето на воздухот , односно јаглерод-моноксидот исто така му се непријатели на овој витамин. Тоа значи дека на пушачите и на луѓето кои живеат во градови со поголема загаденост на воздухот, им се препорачуваат поголеми дози од овој витамин.

Витаминот Ц не е само аскорбинска киселина , но комплекс кој вклучува голем број биофлавоноиди, рутин , фактор К.  Меѓутоа, фармацевтската индустрија во своите лаборатории да кја изолирала само аскорбинска киселина и ја нарекла витамин Ц.

Еспертите велат дека ефектот на природен витамин Ц и аскорбинската киселина не е ист. Природниот витамин Ц е многу поефикасен од сите суплементи во ихраната кои денес се користат Биолошката активност на синтетичките витамини е од 50 до 70 отсто помала од витамините од природно потекло. Кога го земаме витамин Ц од синтетички потекло , на телото му се потребни многу поголеми дози, но дури и тогаш ефектот нема да биде ист како кај природните витамини.

Многу се ретки суплементите кои содржатисклучиво природен витамин Ц.  Причината за тоа е малиот број на хранливи намирници во кои овој витамин се наоѓа во доволна количина за да може да се користи за производство на суплементи. Храна со највисока содржина на витамин Ц е ацеролата – овошје слично на цреша што расте во Западна Индија, Централна и Јужна Америка. Тоа е плод кој има четири пати повеќе витамин Ц од шипката, а дури и триесет пати повеќе од портокалите или лимоните. Високата содржина на витамин Ц во ова растение (1677 mg на 100 грама) го прави поволно за производство на природни додатоци со витамин Ц, но ни тие додатоци ја немаат истата моќ како природниот витамин Ц.