Иако грипот и настинката на прв поглед може да имаат слични симптоми, тие особено многу се разликуваат по начинот на лекување и по должината на закрепнување. И двете се вирусни болести на дишните патишта и се вбројуваат во групата на инфекции кои се пренесуваат преку капки – при зборување, киваше, кашлање, но и со допирање на предмети инфицирани со вируси, а кои потоа се внесуваат низ носот и устата. Се проценува дека половина од популацијата се настинува барем еднаш годишно. Иако повеќето настинки, па и грипот, воглавно не се сметаат сериозно и болеста се поминува ,,на нозе,, и двете заболувања, предупредуваат докторите, може да имаат сериози компликации и последици.

Вирусните инфекции посебно може да бидат тешки за постарите и оние со ослабнат имунитет.

 

Настинка

Симптоми: Најчесто опфаќа мешана вирусна инфекција на горните дишни патишта. Симптоми се: кивавица, солзење на очите, црвено грло, кашлица, главоболка, малаксаност, зголемена температура или без неа. Воглавно трае околу една недела. Ако симптомите траат подолго, треба да се јавите на доктор.

Лекување: Пијте многу течности, чаеви и лесни супи, земајте повеќе свежо овошје и зеленчук за да го зајакнете организмот и одморајте се. Антибиотиците нема да помогнат и затоа не земајте ги пред претходна консултација со доктор. Главоболката, болките во мускулите и зголемената температура можат да се лекуваа со земање антипиретици. Се препорачуа и земање на витамин Ц и негови комбинации. Течењето на носот може да се намали со користење на капки за нос или на комбинирани препарати кои се пијат. Гребењето во грлото се намалува со пастили, а против надразнувачката кашлица помагаат сирупите, најчесто оние од растително потекло. Задолжително треба да се влажни воздухот во просторијата во која се престојува.

Грип

 

Симптоми: Слични се како кај настинката, но се многу посилно изразени и брзо се појавуваат. Најчесто болеста заполнува со ненадеен студ и висока температура, малаксаност и болки во мускулите. Грипот може да се искомплицира со белодробна инфекција, воспаление на срцевиот мускул или зглобовите, па затоа е потребно сериозно да се лекува и да се биде под надзор на доктор.

Лекување: Користете лекови за симнување на температурата, пијте многу течности, внесувајте шо повеќе витамини од свежо овошје и зеленчук. Оние кои се под голем ризик, како што се трудниците, постарите и хронично болните, треба да мируваат повеќе, а во случај на појава на компликации задолжително треба да се јават на доктор. Ако по два – три дена состојбата не се подобри или ако температурата се оддржува над 39 степени, задолжителна е посета на доктор.

 

Превенција

 

Одбегнвајте контакт со оние кои се веќе болни, често мијте ги рацете, бидејќи вирусите може да се пренесат и од предметите коишто биле во непосреден контакт со болниот (телефон, држач во автобус). Исто така, потребно е почесто проветрување на просториите во коишто престојувате, да се одморате и правилно да се храните.

Природни препарати: Кимот може да се користи превентивно против настинка, а истовремено тој смирува и кашлица. Има антибактериско дејство, а меѓу другото, содржи и етерично масло, танини и слуз. За да ги спречите вирусите, една лажица ким се прелева со 250 милилитри вода и се вари на тивок оган околу пет минути. Се трга од оган, се поклопува и по десет минути се процедува. Во топлиот чај се додава една лажица цветен мед, се промешува и се пие.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина