Стручњаците тврдат дека водењето љубов му годи на организмот на безброј начини. Сексот го јакне имунитетот и ја оддржува здравата телесна тежина, ги поврзува партнерите и не прави среќни. Го сакате повеќе? За тоа е потребен мал тренинг.

Сексот може да биде чисто уживање, но и стресно доживување, а понекогаш за имае однос потребна е многу кондиција. Еве кои вежби ќе ве направат поиздржливи и можеби подобри љубовници.

Доколку посветите неколку часа неделно на вежбање, можете да си го подобрите сексуалниот живот.

1. Кардио за издржливост

Ако не сте во форма, првото нешто кое ќе го забележите за време на односот е дека тешко дишете, многу се потите и лесно се замарате. Кардио вежбите, како што е на пример прескокнување јаже, пливањето или возењето велосипед се идеален тренинг и може да ви овозможи долготраен секс. Со подобра ,,изведба,, кардио тренингот ќе ви помогне да го загубите вишокот килограми.

2. Вежби за сила за долниот дел од телото

Идна работа на која мора да се фокусирате е добивањето сила и издржливост на мускулите на долниот дел од телото, бидејќи токму тие делуваат како стабилизатори на целото тело во која и да било положба да се наоѓа.

3. Јакнење на горниот дел од телото

Силата на горниот дел од телото игра важна улога во многу популарни сексуални пози во кои се користат рацете за да се обезбеди стабилност. Испробајте вежби како птица и склекови.

4. Флексибилност на нозете и колковите

Ако сакате да одбегнете грчеви или истегнувања на мускулите во текот на сексуалниот однос, неколку пати на ден истегнувајте се. Колку сте поопуштени, толку ќе ви биде поудобно да испробувате разни пози.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина