Вежби за цело тело – Фокус Т25
а време на овој тренинг ќе бидете мокри до гола кожа по само 10 минути, а по 25 минути нема да можете да стоите на нозе. Тренингот се нарекува едноставно ФОКУС25 и е кус и интензивен, но резултатите не изостануваат.
Зошто смо 25 минути?
Овој тренинг е производ на Шон Т, фитнес тренер и еден од предводниците во промовирањето на кратките, интензивни и експлозивни тренинзи како уште еден производ на се побрзиот начин на живот. Не морате да минувате 2 часа во теретана за да вежбате на десет справи. Имено, се покажало дека токму ваквите тренинзи имаат поголем ефект од повеќето долги тренинзи, бидејќи испитувањата покажале дека во тие први 30 минути можете да постигнете подеднакво многу колку и за дупло повеќе време. Зарем тоа не е она што сакаме да го слушнеме?
Овој тренинг се базира на 25 – минутни вежби за целото тело, без ниту една минута одмор! Една група мускули, па втора, трета и потоа повторно од почеток. Напорен тренинг е, посебно на почетокот, а во главата ќе ви ,,ѕвони,,! Ќе речете дека не го можете вие тоа, но самиот факт колку време трае тренингот ќе ви помогне да соберете сили. Само замислете како ќе се чувствувате по само неколку тренинзи и кога ќе ги забележите првите резултати. Најважно е да се остане ФОКУСИРАН за време на тие 25 минути. Фокусирани на секој мускул, секое движење, секое вдишување и издишување. Во приложеното видео можете да видите како тоа всушност изгледа.
Програмата се состои од серија видео снимки, на секој тренинг посебно, во кои Шон Т, со уште неколкумина вежбачи, тренира заедно со вас, а во исто време дава инструкции. Значи, тренирате дома, со минимална опрема. Програмата е наменета и за мажи и за жени. Во секој тренинг е вклучено истегнување, кое е нагласено како подеднаков важен дел од целиот тренинг. Целосно програмата е осмислена да трае 3 месеци, за кое време минувате низ Алфа, Бета и Гама фаза, а постои програма и за 4 фаза, која е комбинација на првите три тренинзи.
Предвидени се по 6 тренинзи неделно, со тоа што на 5 ден се прават по два тренинзи. Шестиот дена е за одмор, а 7 ден за целосно истегнување. Важно е да се напомене и дека во видеата за секој тренинг постои по еден вежбач, модератор, кој требате да го следите ако почувствувате дека не можете да ја направите правилно вежбата како главниот тренер, бидејќи е важно да не го прекинувате тренингот и да не стоите во место! Пакетот со целата програма и распоредот се купува. Повеќе информации можете да најдете на официјалнио сајт на компанијата Beach body на следниов линк: http://www.beachbody.com/product/fitness_programs/focus-t25-workout.do