Потребни состојки:

За овој крем (чоко мус) наместо павлака се користи тофу. За 4 чаши потребно ви е: 350 гр. тофу, 100 гр. чоколада (со минимум 70% какао), 10 урми, 2-3 лажици исецкани листови од свежо нане.

Подготовка:

Најпрво истопете ја чоколадата во некој сад. Додадете го тофуто исецкано на помали парчиња, урмите, на кои им ги имате извадено семките, и нането и измиксајте ги во блендер додека смесата не стане военачена. Потоа додаете ја на крај истопената чоколада. Истурете го добиениот чоколаден крем во чаши и украсете ги со листови нане или со нарендана чоколада. Може да се служи топол, а може да се остави и во фрижидер и да се послужи оладен следниот ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина