Состојки:
500 гр. кори за лазањи

ЗА БЕШАМЕЛ: 1/2 л. млеко, 40 гр. путер, 40 гр. остро брашно, кеса пармезан, сол, малку бел пипер, малку мускатно оревче, 1 јајце

ЗА СОСОТ ОД ЗЕЛЕНЧУК: 2 парчиња праз, 1 морков, 1 тиквичка, малку целер, 4 лупени домати, 300 гр. брокула, малку маслиново масло, 250 мл. слатка павлака, сол, црн пипер, сув босилек

 

Подготовка:

Подгответе го бешамелот како по обичај, зачинете го и на крај додадете го јајцето, притоа брзо мешајќи. За сосот, исецкајте ги празот, морковот, тиквичката и целерот на коцки, брокулата поделете ја на цветчиња и се пропржете на маслиново масло. Додајте вода и динстајте го зеленчукот додека не омекне, а пред самиот крај додадете ги доматите исецкани на кругови. Зачинете со сол и пипер, па додадете ги слатката павлака и сувиот босилек. На дното ставете еден слој од бешамелот, па лазањите, потоа одозгора сосот од зеленчук, повторно еден ред лазањи и завршете со бешамел. Печете на 200 степени целзиусови околу половина час.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина