Состојки за тесто:
  • 400 гр. полубело брашно
  • 400 гр. интегрално брашно
  • 300 гр. кафеав шеќер
  • 50 гр. какао
  • ½ литри соино млеко
  • 3 дл. сок од јаболки
  • 1 ситно рендано јаболко
  • 2 ситно рендани моркови
  • 2 дл. масло
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • цимет

 

За глазура:
  • 200 гр. чоколада за готвење
  • 100 гр. шеќер
  • 2 дл. соино млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 80 гр. какао
    Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180C. Измешајте се, истурете ја смесата во калап за печење и печете 30 минути. Чоколадата стопете ја и измешајте ја со шеќерот, млекото, ванилиниот шеќер и какаото. Кога колачот ќе се олади, прелијте го со глазурата од чоколадата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина