Научниците од истражувачкиот институт Скрипс направиле ефикасна вакцина против еден од најпасните наркотици – хероинот. Вакцината против хероин, која ја блокира пријатноста од оваа дрога се покажала како многу ефикасна осум месеци по нејзината употреба, а научниците се надеваат дека набрзо ќе им биде одобрено да преминат на клинички испитувања. Имено, досега се имаат покажано како успешни тестирањата вршени врз стаорци, а во скоро време и врз мајмуни.

 

Оваа вакцина делува преку навикнување на имунолошкиот систем да произведува антитела против хероинот, така што тој делумно се изложува на структурата на неговите молекули, па кога хероинот ќе се внесе во системот, новозодадените антитела го целат, неутрализирајќи ги хероинските молекули. Поради тоа корисниците не чувствуваат еуфорија, бидејќи молекулите на хероинот се блокирани пред да дојдат до мозокот, се вели во списанието Journal of the American Chemical Society.

 

“Веруваме дека овој кандидат за вакцина ќе се докаже како сигурен за тестирања врз луѓе”, изјавил водачот на истражувањето, Ким Јанда.

 

При тестирањето на мајмуните тие се третирале со вбризгување на вакцината, пред да им бидат дадени дози на хероин. Научниците откриле дека четири од мајмуните кои добиле три дози од вакцината имале ефикасен имунолошки одговор кој можел да ги неутрализира различните дози хероин. Било утврдено дека вакцината е најефикасна во првиот месец од вакцинирањето, но дека тој ефект може да трае осум месеци. Важен дел од сето тоа е што два мајмуни биле претходно вакцинирани со истата вакцина во претходно истражување, седум месеци пред ова. Зголемената надеж за подолготрајна ефикасно на оваа вакцина делумно се состои во тоа што двата споменати мајмуни дале многу поголемо реагирање на вакцината во вториот круг од тестирањето.

 

Доколку тоа би можело да се примени и врз човекот, тоа потенцијално би можело да значи дека зависниците од хероин можат да добијат долгорочен имунитет, кој би им помогнал во закрепнувањето.

 

Ова истражување се однесувало само на хероинот. Меѓутоа, истата логика е применлива, а една претходна студија вршена на истиот институт покажала дека вакцината за опасната ,,дизајнерска дрога,, фентанил, повеќекратно посилна од хероинот, била поефикасна кај глувците.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина