Честопати се вели дека умот и телото се одвоени во целост, но не е така… Едноставно состојбата на нашиот ум влијае на нашето тело, и обратно. За тие да функционираат исправно и да бидат во склад со нашето тело, мора редовно да се вежба. Едноставно, ако имате проблеми со вишокот килограми, единствено решение е да почнете да вежбате и да јадете помалку. Но, постојат и некои трикови, кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

1. Мотивација

Најважна причина за да ја загубите тежината треба да ви биде мотивацијата. Таа би требало да дојде одвнатре и мораме да веруваме дека можеме да загубиме од тежината и да го подобриме квалитетот на сопствениот живот, да живееме здраво и среќно, не затоа што сакаме да одиме во чекор со некого или да ги предизвикуваме другите. Младиот Анант Амбани загубил 108 килограми само затоа што верувал што можел да го направи тоа и што сакал да го направи.

2. Зададете си цел

Прво, важно е да верувате дека ќе почнете да губите од тежината постепено во рок од месец дена и дека не треба да очекувате преку ноќ да се случат чуда. На овој начин, дури и ако не покажете напредок, и понатаму ќе бидете мотивирани да продолжите, а вашиот труд ќе почне да дава резултати.

3. Намалете ги оброците

Ако досега сте јаделе од голема чинија, за почеток заменете ја со помала. И намалете ја количината на храна, бидејќи тоа има клучна улога. Малите чаши и чинии ќе ве натераат да ги изедете и да испиете само потребните количини.

4. Мирисајте ја храната

Консумирањето храна е сетилно искуство. Доживејте го со помош на мирисите. Мирисањето на храната може да ви помогне да го намалите апетитот, бијдеќи мозокот може да поверува дека всушност сте јаделе.

5. Никогаш не го прескокнувајте појадокот

Јадете појадок богат со хранливи материи. Тоа може да помогне да имате активен ден и да се занимавате со сите активносит во текот на денот.

6. Јадете со запалено светло

Храната сервирана на свеќи можеби делува романтично, но нема да ви помогне да загубите од тежината. Лежерното темпо на исхрана плус затемнетата просторија само ќе ви го хранат апетитот, оставајќи го планот за исхрана далеку зад вас. Јадете со запалено светло и бидете свесни што јадете. На овој начин можете да контролирате што и колку јадете.

7. Мали порции

Јадењето на мали оброци е спротивно на верувањето, а гладувањето само ќе предизвика опсесивно прејадување. Јадете разумно, мали порции, но почесто. Така ќе се чувствувате сити и нема да чувствувате потреба за брза храна.

8. План за диета

Направете разумен план за исхрана. Секој од нас има единствен метаболизам, а ние мора да го почитуваме овој факт. Треба да дизајнирате план врз основа на вашето тело и да се држите разумно до него.

9. Пренасочување

Најголем трик е да не сте опседнати со својата тежина. Свртете ги мислите и заменете ги со позитивни мисли за здравјето. Многу е важна менталната визуелизација на здрава личност која може да станете ако во пракса се придржувате до разумна исхрана.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина