На многумина од нас навистина ни е важно што јадеме. Купуваме органски одгледани производи, одбегнуваме ГМО, го проценуваме гликемискиот индекс и во обзир ги земаме сите фактори кои се однесуваат на квалитетот на храната која ја внесуваме во нашиот организам.

 

Не е важно само што јадеме, туку и како. Но, поради нашиот ,,современ начин на живот,, јадеме во автомобил, стоејќи, кога сме под стрес, набрзина и ги јадеме студените остатоци храна директно од фрижидерот. На тој начин не ја вариме храната правилно, па така дури и еколошката храна станува нездрава за нашето тело.

 

Ова се само некои насоки на Ајурведа за правилен начин на јадење:

 

1. Ја јадете храната додека е се уште топла

 

Храната не смее да биде ниту претопла ниту преладна. Топлата храна помага да да не ја згаснеме агна (огнот за варење), која е потребна за добро варење.

 

 

2. Јадете свежо зготвена храна.

 

Свежата храна е полна со прана (животна сила) и хранливи материи. И двете почнуваат да се намалуваат веднаш откако храната е зготвена. До мигот кога ќе стане остаток, својствата се смениле и станува тешка за варење на телото. Готвењето на секој оброк не е баш реална околност, но барем обидувајте се да одбегнувате храна која е готвена пред повеќе од 24

часа.

 

3. Јадете правилна количина храна.

 

Прејадувањето доведува до пречки во варењето, а потхранетоста до губење на силата. Не постои стандардна количина на храна која треба да се внесе во телото, бидејќи сите сме посебни индивидуи и имаме различни потреби. Пронајдете ја својата правилна количина со полнење на стомакот со 50% храна, 25% течности и оставете 25% празни за варењето.

 

4. Џвакајте ја храната темелно и јадете со умерено темпо.

 

Варењето на храната започнува во устата. Правилното џвакање на храната го олеснува понатамошното варење.

 

5. Пред следниот оброк почекајте додека претходниот не се свари.

 

Ајурведа вечи дека прераното хранење на системот за варење е главна причина за болести. Кога ќе знаете дека храната е сварена? Треба да се чувствувате лесно, ентузијастично, гладно и жедно.

 

6. Јадете отприлика во исто време секој ден.

 

Телото напредува со рутина. Системот за варење работи добро кога може да ги очекува своите оброци во одреден час. Тогаш е подготвен за акција.

 

 

7. Јадете кога сте гладни.

 

Гладот е природен поттик кој не треба да се поттиснува. Откако ќе поставите рутини на исхрана, ќе видите дека ќе бидете гладни кога е време за оброк и нема да копнеете по грицки. Слушајте ги знаците кои ви ги испраќа телото.

 

8. Никогаш не јадете кога сте растревожени.

 

Целата храна ќе ја загуби својата вредност во системот за варење ако ја јадете со негативна состојба на умот. Ако сте вознемирени, лути или плачете, одложете го јадењето додека да се чувствувате подобро.

 

9. Јадете во мирна атмосфера.

 

Мирната околина поттикнува и мирен ум. А состојбата на умот има директно влијание на физичкото тело и процесот на варење.

 

 

10. Секогаш јадете седнати.

 

Дајте се од себе да не јадете во автомобилот, додека одите или дури и кога стоите исправено. Телото не сака мултитаскинг додека јадете. Седењето овозможува сите ваши енергии да бидат насочени кон варењето.

 

11. Фокусирајте се на храната.

 

Кога на храната ќе и го посветите сето свое внимание, таа ќе има подобар вкус, повеќе ќе уживате и ќе бидете во помало искушение да се прејадете, бидејќи ќе ги забележите сигналите за ситост. Одбегнувајте да си го одвлекувате вниманието со гледање телевизија, читање или со некаква работа.

 

12. Седнувајте неколку минути по секој оброк.

 

Немојте само да се најадете и да побегнете. Останете мирни уште некое време, за системот на варење да може да почне си ја врши својата работа.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина