Целулитот се јавува кога имаме премногу масно ткиво и недоволно мускули. Со оглед на тоа што овој проблем не изгледа естетски убаво, треба да се ослободиме од него со помош на соодветна исхрана, масажи, пилинзи и добро испланирана програма на вежби. Обидете се со некој од следниве начини, кои им помогнале на многу жени.

 

Исхрана

 

Непожелни намирници првенствено се брзата храна, белиот леб, слатките, животинските масти, конзервираниот зеленчук, кафето, алкохолот, газираните пијалоци, црвеното месо, сувомеснатите производи и оние намирници кои во големи количини содржат сол, како што е солената риба, рибите во масло или солени видови сирења со висок уддел на масти. Со цел да се поттикне отстранувањето на штетните, отпадни материи од организмот, се препорачува да се зголеми консумирањето на намирници богати со витамин Ц (обоен зеленчук и овошје, природни овошни сокови), калиум (банани, праски, грашок, интегрални житарки, јаткасти плодови) и сулфур (риба, млеко, јајца) и на тој начин да се победи целулитот одвнатре.

 

Пилинг

 

Пилингот е одличен сојузник во борбата против целулитот, бидејќи нежно ги остранува мртвите клетки од кожата. Овој рецепт ќе ви помогне да се ослободите од целулитот пред почеток на летото.

 

Состојки:

  •  половина филџан мелено кафе
  • четвртина филџан кафеав шеќер
  • маслиново масло.

 

Употреба: истуширајте се, добро избришете се, па потоа нанесете го маслиновото масло на проблематичните делови. Во сад измешајте ги кафеавиот шеќер и кафето и добиената смеса втријте ја на нозете, стомакот, бутовите и задникот, односно на местата каде имате целулит. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте се. За подобар ефект, може да користите самолеплива фолија, со која ќе ги замотате нозете и ќе оставите пилингот да делува околу половина час.

 

Туширање со студена вода

 

Туширањето со студена вода ја поттикнува размената на материите и ја подобрува циркулацијата, што е одлично во борбата против целулитот. Наизменичното туширање со топла и студена вода е одличен начин за подобување на крвотокот. Жилите се стегаат кога се изложени на студена вода, што привремено го подига притисокот и го забрзува протокот на крвта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина