Ова не е текст за некоја волшебна пилула или трик со кој ќе ослабнете за миг и ќе имате тело на кое ќе му позавидуваат. Но, сепак можно е да се губат килограми додека спиете.

 

Новите истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу индексот на телесна маса (БМИ) и квалитетот и квантитетот на сон. Тоа е одлична вест за сите оние кои сакаат да го исклучат алармот наутро, a исто така и за оние кои не би имале ништо против да загубат некој дополнителен килограм. Квалитетниот ноќен сон е клучен фактор во контролата на производство на два специфични телесни хормони кои се одговорни за нашите навики поврзани со јадењето: грелин – хормон на гладот, и лептин – регулациски хормон кој му кажува на мозокот кога е време да престане да јаде.

 

Во спроведената студија врз примероци од 1024 испитаници, на возраст од 30 до 60 години, оние кои спиеле само три часа во текот на ноќта имале за 5% зголемена телесна маса во текот на 15 години. Тоа е од причина што недостигот на сон резултира со зголемено ниво на грелин, кој го поттикнува нашето тело да се чувствува гладно и истовремено го намалува нивото на лептин, што не одвлекува од чувството на ситост. Резултатот е многу едноставен: прејадување. За да ги задржиме двата хормони на правилните нивоа, освен квалитетен сон, мора да внимаваме и на временскиот период кој мора да му го дадеме на нашето тело за да може добро да закрепне, што вообичаено е помеѓу 7 и 9 часа, зависно од личноста.

 

Постои ли можност да се загубат килограмите едноставно само ако добро се наспиеме? Не постои. Но, во комбинација со здрава исхрана и редовни телесни вежби, спиењето е многу важна и често заборавана компонента за губење на вишокот на килограми.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина